Црна хроника
Три лица завршија во станица, се расправале со полицијата
Тројца кавадарчани биле задржани во полиција рано изутринава, едниот бил агресивен и се заканувал кон полицајци, двајца ги спречувале полицајците во преземање на службени дејства, информира денеска СВР Велес.
„Во 01.45 часот на улица Киро Крстев во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода кавадарчаните А.Д.(44) и И.Т.(25) , затоа што при приведување на сограѓанинот К.Н.(41), кој агресивно се однесувал и им се заканувал на полициските службеници, ги спречувале при преземање на службените дејствија. А.Д., И.Т. и К.Н. биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави“, соопштија од СВР Велес.
Оттаму додаваат дека синоќа, пак, околу 23.30 часот во комплексот на спортската сала „Младост“ во Неготино, за време на одигрување на натпревар во футсал на Меморијален турнир во мал фудбал „Крсте Велјанов 2024“, помеѓу две екипи од Неготино, по кратка расправија, настанала физичка пресметка меѓу играчите Ж.Д.(31) од село Долни Дисан, Неготинско и М.М.(29) од Скопје, по што турнирот бил прекинат. Од СВР Велес соопштија дека по документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во неготинско, пронајдени пиротехнички средства, уапсено едно лице
На 23.12.2025 во 07:40 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода И.Р.(34) од с.Криволак, неготинско.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се пиротехнички средства. Тој е приведен во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Тепачка поради паркинг во Кисела Вода, уапсено едно лице
Едно лице е уапсено поради физички напад за паркинг на подрачјето на Кисела Вода.
Вчера во 18:30 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници го лишија од слобода С.Р.(34) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 19.12.2025 околу 16:30 часот и на 22.12.2025 околу 11:30 часот, по претходно недоразбирање за паркинг простор, упатувал закани на А.Е.(40) од Скопје, а потоа и физички го нападнал.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Ја претепал сопругата: уапсен маж од Струшко
ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.Х.(39) од струшко селo.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „телесна повреда“.
Имено на 28.11.2025 во семејниот дом во селото, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга, по што бил лишен од слобода.

