Црна хроника
Три лица искасани од кучиња скитници
Вчера вечер во 23,30 часот во Полициска станица Чаир 69-годишниот Н.Ш. од Скопје пријавил дека на улицата „Јадранска магистрала“ бил каснат од куче скитник, извести МВР.
Уште два одделни случаи на каснување од куче се пријавени во Полициска станица Кочани и Полициска станица Гостивар, велат од МВР
Вчера во 16.30 часот во Полициска станица Кочани 48-годишниот Б.Г. од Велес пријавил дека во Кочани бил каснат од куче скитник.
Во Полициска станица Гостивар исто така е пријавено каснување од куче скитник, од 64-годишната Ј.Ѓ. од село Вруток.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена физички нападната од возачот на автобус на ЈСП
Вчера во 17.15 часот во СВР Скопје, С.Б.(60) од Скопје пријавила дека околу 10.20 часот на автобуска постојка на Транспортен центар-Скопје била физички нападната од едно лице – возач на автобус на ЈСП.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Импровизиран кревет и забоден кујнски нож нашла Кацарска пред гаражата – заканите се пријвени во МВР
Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, пријавила во МВР дека добила закани за својот живот.
Од полицијата информираа дека случајот бил пријавен во текот на вчерашниот ден.
„Од страна на Д. К. било пријавено дека на подрачјето на Центар во подземни гаражи, пред нејзиното гаражно место, биле пронајдени импровизиран кревет и кујнски нож, кој бил забоден на прекинувачот за светло“, велат од МВР.
За случајот известен е јавен обвинител, предметите се подигнати за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Во хотелска соба во Охрид пронајдена почината 82-годишна жена од Аргентина
82-годишна жена била пронајдена почината во Охрид, соопшти полицијата.
Имено, на 14.5.2024, во 7.15 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во соба во хотел во Охрид, каде што престојувала, била пронајдена почината Р. В. Б. (82) од Аргентина.
Лекар од итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.
Надлежните извршиле увид.