Црна хроника
Четири лица, меѓу нив и малолетници, повредени во сообраќајна несреќа на булеварот АСНОМ во Скопје
Синоќа, во 23 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот АСНОМ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „сеат ибица“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Л. З. (27) од Скопје и патничко моторно возило „опел корса“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Х. К. Р. (32) од Скопје.
Во несреќата тешки телесни повреди добил малолетен сопатник од возилото „опел корса“, а телесни повреди добиле двајцата возачи и уште една малолетна сопатничка од возилото „опел корса“, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ и во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Затвореници претепале друг осуденик во затворот Идризово
Вчера во 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Казнено – поправната установа Затвор Идризово, осуденикот А.Б.(35) од Скопје бил физички нападнат од осудениците З.Р. и К.Л..
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец претепан од својот внук
Вчера во 22.45 часот во СВР Скопје, 49 – годишен жител на скопско село пријавил дека околу 22.00 часот во неговиот дом, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговиот малолетен внук од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Во Центар пронајден починат маж, телото предадено на обдукција
Вчера во 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Центар во Скопје бил пронајден починат В.М.(65) од Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.