Црна хроника
Три лица повредени во сообраќајна несреќа на локалниот пат Куманово – с.Романовце
Вчера околу 15:30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локалниот пат Куманово – с.Романовце се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.М.(25) од Скопје и патничко возило „опел“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Г.Д. (29) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Г.Д., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, а со телесни повреди се здобиле С.М. и неговиот сопатник Ф.С., констатирани во Општата болница Куманово.
Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Куманово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
20-годишно момче пронајдено починато во својата соба
Вчера во 18.00 часот во СВР Тетово Б.С.(48) од село Голема Речица, пријавил дека во нивната семејна куќа, поточно во неговата соба, го затекнал неговиот син Х.С.(20) без знаци на живот.
Доктор од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги од насилство.
Увид на лице место извршила екипа при СВР Тетово во содејство со јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било пренесено во Клиничка болница Тетово на обдукција.
Црна хроника
Возило удри во паркиран автобус, тешко повредена патничка
Вчера во 13.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје, се случила сообраќајна несреќа во која што патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Х.(65) од Скопје, удрило во паркиран автобус „ман“ со скопски регистарски ознаки, претходно управуван од Д.С.(56) од село Крушопек, скопско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила патничка во автобусот, Л.П.С., а повредите биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Кривична за полициска службеничка за несовесно работење во службата
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против А.Д. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,несовесно работење во службата“ по член 353-в став 4 од Кривичниот законик.
На 31.12.2024, комисија формирана за вршење годишен попис во ЕВР Карпош извршила попис и броење на оружјето во магацините за оружје, за кои била задолжена полициската службеничка А.Д..
По извршениот попис, било констатирано дека недостасува една автоматска пушка од главниот магацин за оружје во Полициската станица Карпош, сопственост на Министерството за внатрешни работи.
Исто така, на 11.01.2025 повторно била извршена контрола во магацинските простории во Полициската станица Карпош во присуство на раководните полициски службеници во станицата и од Одделот за внатрешна контрола, при што повторно било констатирано дека недостасувала една автоматска пушка и дека пристап до клучот за магацинот имала само ракувачот со материјално -технички средства на Полициската станица Карпош, пријавената А.Д..
Со овие дејствија пријавената го сторила делото за кое е поднесена пријавата.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и полициската службеничка ќе биде суспендирана од своето работно место до завршување на дисциплинската постапка.