Црна хроника
Три лица прегазени во Скопје, едно во Струмица
Вчера во 10:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„60“ во с.Волково, скопско, патничко возило „фолксваген фокс“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Р.(73) од Скопје, удрило во пешакот Ц.С.(55) од с.Волково.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Истиот ден во 15:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Србија“ во Скопје мотоцикл „јамаха“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.М.(26) од населба Илинден, скопско, удрил во 76-годишната Н.К. од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Н.К., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Во СВР Скопје на 29.09.2025 во 09:30 часот било пријавено дека на ул.„Мајка Тереза“ во Скопје, патничко возило „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 49-годишната М.П. удрило во малолетен пешак, двајцата од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
82-годишна жена била тешко повредена по удар од патничко возило во Струмица.
Имено синоќа во 20:30 часот во СВР Струмица е пријавено дека на крстосницата од ул.„Младинска“ и ул.„Панче Пешев“ во Струмица, патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од П.Т.(66) од Струмица, удрило во пешакот К.Б.(82) од Струмица.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Медицинскиот центар Струмица. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Струмица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мајка од Велес ги оставила петте малолетни деца сами и заминала за Скопје
Полициски службеници од полициската станица „Ѓорче Петров“ синоќа во 2:05 часот по полноќ лишиле од слобода 36-годишна велешанка. Претходно во СВР Велес било пријавено дека таа во домот ги оставила нејзините пет малолетни деца и заминала во Скопје.
Како што денеска информираат од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Угинато куче со пена на уста најдено на улица во Кавадарци, ќе постапува обвинител
Угинато куче било пронајдено доцна синоќа на улица во Кавадарци, по насока на јавен обвинител телото било однесено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 22:15 часот во ОВР – Кавадарци, од Здружението за заштита на животни било пријавено дека на улица „Димката Ангелов – Габерот“ во Кавадарци има мртво куче со пена на устата. По насока на јавен обвинител, телото на кучето било подигнато од ветеринарен лекар и однесено во ветеринарна станица за вршење обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.

