Црна хроника
Три лица тешко повредени кога возилото во кое се превезувале излетало од патот
Три лица се тешко повредени кога автомобилот во кој се превезувале излетал од патот.
Вчера, во 14.50 часот, во Полициската станица Струмица било пријавено дека на магистралниот пат А4 Радовиш – Струмица, на делницата од с. Владевци до с. Радичево, Струмичко, Н. Р. (28) од с. Злеово, Радовишко, управувајќи патничко возило „бмв“, со струмички регистерски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од патот.
Во несреќата тешки телесни повреди добиле возачот и сопатниците В. Л. (41) и Г. Р. (35) и двајцата од с. Воиславци, Радовишко, констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Украл пари и нападнал вработена во казино во Охрид
Едно лице е осомничено дека украло пари и нападнало вработена во казино во Охрид.
Според информациите од полицијата, вчера во 07.25 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во казино лоцирано на булеварот „Туристичка“ во Охрид, едно лице одзело пари и физички нападнал вработена во казиното.
Се преземаат мерки за негово пронаоѓање по што, против сторителот ќе биде поднесека соодветна пријава.
Топ
42-годишник пронајден мртов кај селото Нераште: наредена е обдукција, ќе се вештачат траги најдени на местото
Обвинителството извести дека е извршен увид на лице место, дадени се повеќе насоки и наредби со цел откривање на сторителите поради сомненија дека смртта на 42-годишникот пронајден во атарот на селото Нераште, е резултат на кривично дело.
„Дадена е наредба за обдукција, наредба за подигање на возилото и други траги од лице место на кои ќе се врши вештачење, наредба за обезбедување на снимки од видео надзор, како и други докази. По наредбите се постапува“, соопштуваат од Обвинителството.
Вчера во попладневните часови тетовската полиција пронајде безживно тело на 42-годишник, жител на Тетово, кој бил пријавен како исчезнат од својата сопруга.
Според информациите од СВР Тетово, полициски службеници од Полициското одделение Теарце го забележале возилото „ауди“ во атарот на селото Нераште.
Во автомобилот било пронајдено машко лице без знаци на живот, со прострелна рана во пределот на главата и видлива дупка од куршум на возачкото стакло.
Црна хроника
Уапсен скопјанец: при претрес во неговиот дом во Кисела Вода пронајдена дрога
Вчера во 21:20 часот полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода 21-годишниот Л.Б. од Скопје, затоа што при извршен претрес во неговиот дом на подрачјето на Кисела Вода биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага и пари.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

