Црна хроника
Турски државјанин прободен во напад во центарот на Скопје
Во вечерните часови на 10 ноември во скопската полиција било пријавено дека во комплексот клиники „Мајка Тереза“ бил донесен повреден 29-годишен турски државјанин со иницијали А.О.У., кој престојувал во Скопје.
Кај него биле констатирани тешки повреди со кои се здобил при физички напад на подрачјето на Центар од неколку лица, а при нападот едно од лицата му нанело убодни рани со остар предмет.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пукање во Студеничани, полицијата спречена од толпа да го уапси сторителот
Вчера во 23:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 21:00 часот во с.Долно Количани, општина Студеничани, полициски службеници забележале едно лице, кое било со поголема група луѓе, како со пиштол испукало неколку проектили во воздух.
Пиштолот му бил одземен, а при обид да го приведат, полициските службеници биле спречени од толпата, по што лицето побегнало.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
21-годишен мотоциклист загина во несреќа кај Старо Нагоричане
Вчера во 16:00 часот во СВР Куманово е пријавено дека на локалниот пат с.Кокино-с.Длабочица, општина Старо Нагоричане, мотоцикл „јамаха“ без регистарски таблички, управуван од А.Д.(21) од Куманово, излетал од коловозот.
Од здобиените повреди на пат кон болница починал мотоциклистот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.
Црна хроника
Нелегално организирал коцкање, кривична пријава за жител на Кочани
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против В.Д. (39) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „комар“.
Пријавениот во претходно прилагодени помошни простории од објект за домување во Кочани, неовластено организирал и овозможувал учество во игри на среќа- комар.
Полициски службеници од ОВР Кочани извршиле претрес, при што биле затекнати 11 лица кои играле комар, а при претресот биле пронајдени пари и други предмети поврзани со организирање на комар.

