Црна хроника
Турчин возел камион со фалсификувани документи, го фатија на Деве Баир

Денеска во 01.00 часот на Граничен премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода И.Ц.(59) од Република Турција затоа што при извршена пасошка и гранична контрола било констатирано дека меѓународните зелени карти за осигурување на товарно возило со полуприколка, кое го управувал, биле фалсификувани.
Тој бил предаден на полициски службеници од полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Се договорил да му го транспортираат возилото од Германија во Македонија: останал и без автомобил и без пари

Вчера во 15:30 часот во СВР Тетово, 49-годишник од тетовско село пријавил дека бил измамен од лицето Б.„Н“ за сума од 5.000 евра.
Според пријавеното, во мај 2025 година во Сојузна Република Германија тој се договорил со лицето да му го даде неговото „фолксваген голф“ за да го транспортира во РСМ.
Како што е пријавено, откако му дал полномошно само за транспортирање, лицето без негово знаење и согласност ја средил царинската документација најверојатно со фалсификување на документацијата, по што возилото му го продал на друго лице од тетовско село. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, соопшти полицијата.
Црна хроника
Голема сообраќајна несреќа на патот Гостивар – Кичево: се судрија пет мотори и четири автомобили, тешко повредени четири лица

Четири лица се тешко повредени, а уште двајца се здобиле со повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера на патот Гостивар – Кичево, а во која учествувале пет мотоцикли и четири автомобили.
Вчера во 15 и 50 часот било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на Мавровска крстосница, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од И.З.(22) од Скопје, мотоцикл „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.П.(22) од Скопје, мотоцикл „јамаха“ управуван од Ј.Д.(34) од Скопје, мотоцикл „сузуки“ управуван од М.Т.(23) од Скопје, мотоцикл „јамаха“ со скопски регистарски ознаки, управуван од П.Б.(18) од Скопје, патничко возило „голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Ш.Ј.(25) од Струга, патничко возило „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.М.Г.(49) од Република Турција, патничко возило „ауди“ со албански национални ознаки, управувано од И.К.(34) од с.Форино, гостиварско и патничко возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(41) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле мотоциклистите Д.П.,И.З.,П.Б. и М.Т., а со телесни повреди се здобил мотоциклистот Ј.Д. и возачот И.К.., констатирани во Општа болница Гостивар и Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.
Црна хроника
Украдени две бронзени бисти од гробиштата во Бутел

Вчера во 10:00 часот во СВР Скопје, А.Ј.(53) од Скопје пријавил дека во периодот од 07.06. до 06.09.2025 од гробно место на Градските гробишта Бутел, со употреба на физичка сила и погоден предмет биле одземени две бронзени бисти.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.