Црна хроника
Уапсени двајца радовишани кои краделе во рудник

Две лица од Радовиш се уапсени кога полицијата ги затекла при кражба во кругот на поранешниот рудник „Дамјан“.
Како што информираат од МВР, во попладневните часови на 18 март, двајца радовишани, на возраст од 48 и 61 година, биле уапсени кога полициски службеници ги затекле како вршат кривично дело тешка кражба во кругот на поранешниот рудник.
Украдените предмети биле одземени од лицата, а за настанот бил известен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство во Радовиш.
По документирање на случајот, против крадците ќе бидат поднесени соодветни пријави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Тешко повреден работник додека демонтирал скеле во Драчево

Педесет и двегодишен работник од Скопје бил со тешки повреди донесен вчера на Комплексот клиники.
Тој се здобил со повреди при демонтирање на скеле на улицата Партизански пат во Драчево, Скопје.
Се работи на расчистување на случајот.
Црна хроника
Ужас наместо одмор: скопјанка нападната од партнерот во Грција

Триесет и четиригодишна жена од Скопје во МВР пријавила дека била нападната од страна на партнерот Д. Т. (36).
Нападот, според пријавеното, се случил вчера во апартман во Република Грција.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Велешанец со четирицикл излета од патoт кај Чашка, тешко повреден

Четирицикл управуван од Д.Н.(40) од Велес, излетал надвор од коловозот на регионалниот пат село Извор,општина Чашка
Во несреќата велешанецот се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобила неговата сопатничка Ј.Н.(37) од Велес констатирани во Општата болница Велес.
Извршен бил увид.