Црна хроника
Уапсен битолчанецот што пукаше во куче, а погодил такси возило
Околу 12.30 часот во СВР Битола Т.В. (50) од Битола, пријавил дека додека како такси возач бил паркиран во населба Горно Оризари во Битола со патничко моторно возило “голф” со битолски регистарски ознаки, слушнал истрел, а куршумот го оштетил задниот дел од возилото.
По извршените оперативни проверки, криминалистичката полиција го лишила од слобода М.Н., кој го признал кривичното дело, а во службениот разговор изјавил дека пукал во куче.
По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
(Видео) Албанската полиција уапси 36-годишен македонски државјанин кој бил баран поради фалсификување пари
Албанската полиција соопшти дека уапсила 36-годишен државјанин на Македонија, по кој била распишана меѓународна потерница за фалсификување пари, пренесува Еуроњуз.
Полицијата информира дека лицето Н.С. (36) било уапсено во Тирана во рамки на акцијата со кодно име „Операција 73“, со цел негова екстрадиција во Северна Македонија.
Според извештаите, 36-годишниот бил баран и од ДВП Драч за кривично дело „кражба“.
Во соопштението се наведува дека тој бил прогласен за меѓународно баран откако Основниот суд во Куманово го осудил на 2 години затвор за кривично дело „фалсификување валута“.
Постапките за екстрадиција ќе ги спроведат Интерпол Тирана и надлежните власти во Македонија.
Црна хроника
Кавадарчанка реновирала дома и во подрумот пронашла 55 неексплодирани детонатори
Вчера во 17:20 часот во ОВР Кавадарци, Љ.К.(60) од Кавадарци пријави дека при реновирање на нејзиниот дом, во подрумска просторија пронашла предмети за кои се сомнева дека се експлозиви.
Пиротехничари од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ги подигнале предметите и констатирале дека се работи за 55 неексплодирани детонаторски каписли.
Увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.
Црна хроника
Вработен во јавно претпријатие се вработил со фалсификат диплома од средно училиште во Куманово
Вработен во јавно претпријатие во Куманово се вработил со фалсификат диплома од средно училиште.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ѓ.Ш.(55) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.
Пријавениот, вработен во јавно претрпијатие во Куманово од 2016 година со договор на дело, во текот на 2022 година набавил фалсификувана диплома од средно стручно училиште во Тетово, која ја употребил при аплицирање на отворен јавен оглас за што склучил договор за вработување на неопределено време.

