Црна хроника
Уапсен дрвокрадец од Скопско

Ввчера, околу 6.40 часот, на местото наречено Балван, во атарот на тетовско Мерово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода А. Ј. (34) од скопско Паничари.
Тој бил затекнат како без потребните документи сечел и со возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, превезувал огревни дрва.
Возилото, дрвата и моторнaта пила биле одземени и предадени на Шумската полиција.
Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот по што против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Семејно насилство на Бит Пазар: скопјанка истепана од нејзиниот син

Вчера во 19:50 часот во СВР Скопје, 55-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 11:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од нејзиниот син И.З.(29) од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Убиство во Кавадарци, тројца уапсени

Денеска во 04:56 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на заден влез од казино на улицата „Никола Минчев“ во Кавадарци, неколку лица физички нападнале едно лице, кое паднало на земја и на кое му била потребна помош.
Полициски службеници од ОВР Кавадарци излегле на местото и констатирале дека се работи за лицето П.Т.(43) од Кавадарци, кај кое и покрај укажаната помош, екипа од Итна медицинска помош во 05:15 часот констатирала смрт.
Набргу потоа, а поради сомнение за инволвираност во настанот, од слобода биле лишени Д.Б.(26), М.Ѓ.(35) и Д.С.(27), сите од Кавадарци. Тие биле приведени и задржани во полициска станица.
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци и полициски службеници вршат увид на местото, на надзорните камери од казиното и по целосно расчистување и документирање на случајот, против сторителите ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
На Табановце уапсени двајца странски државјани, кај нив биле пронајдени бела прашкаста материја и таблети

Вчера околу 19:00 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници ги лишиле од слобода 32-годишниот О.Ј. од Унгарија и 37-годишниот А.Б. од Србија.
При гранична проверка и контрола во возилото „тојота“ со унгарска национална ознака, кое го управувал О.Ј, а сопатници биле А.Б. и уште едно лице од Унгарија, во личниот багаж на О.Ј. биле пронајдени и одземени неколку пакувања со бела прашкаста материја, едно шише со бела прашкаста материја и една кутија со 31 капсули. Додека, во личниот багаж на сопатникот А.Б. биле пронајдени неколку пакувања со бела прашкаста материја и таблети.
Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени сооддветни пријави.