Црна хроника
Уапсен крадец кој ограбувал куќи во Чаир

Полицијата уапси 21-годишен скопјанец осомничен за кражби во куќи во Чаир како и за една џепна кражба. Судот му определи осумдневен притвор.
Според информациите на полицијата, по претходно добиено сознание дека лицето А.И. (21) од Скопје врши кривични дела од областа на имотни деликти, од страна на Единицата за внатрешни работи Чаир со прибирање докази за извршени кривични дела документирани се пет кривични дела и тоа: тешки кражби во куќи и едно кривично дело џепна кражба при што А.И се стекнал со противправна имотна корист од околу 224.290 денари и причинил материјална штета од 13.500 денари.
По претходно распишан локален распис по А.И. тој вчера околу 23:00 час бил уапсен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Уапсен битолчанецот кој со нож се закануваше на маж на “Широк сокак”

Денеска на ул. “Св.Кирил и Методиј” во Битола полициски службеници го лишија од слобода М.Ш.(36) од Битола.
Тој претходно, пред угостителски објект на ул. “Широк сокак” со остар предмет се заканувал кон 41-годишен државјанин на Австралија.
По документирање на случајот, против М.Ш. ќе биде поднесена кривична пријава за загрозување на сигурноста со опасно орудие при тепачка или караница, соопшти полицијата.
Црна хроника
Жена ограбена во Ѓорче Петров

Шеесет и петгодишна жена била ограбена во Ѓорче Петров.
Според информациите на МВР, вчера Г.Ј.(65) од Скопје пријавила дека околу 17.05 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, едно лице со употреба на сила и го одзело паричникот со пари и лични документи.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот
Црна хроника
Насилници уценувале девојче од Скопје – им дала 25.000 евра за да не го нападнат брат ѝ

Девојче од Скопје било уценувано од неколку соученици дека ако не им даде пари, ќе го нападнат нејзиниот брат кој има здравствени проблеми. На тој начин, девојчето од дома земало и им дало на насилниците 25.000 евра.
Според информациите на МВР, ноќеска во 00.30 часот во СВР Скопје, 52-годишник од Скопје пријавил дека неговата малолетна ќерка, ученичка во основно училиште на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, подолг период добивала закани од двајца соученици дека физички ќе го нападнат нејзиниот помал брат, кој е лице со здравствени проблеми, доколку не им даде пари.
Според пријавеното, таа била принудена и во повеќе наврати им давала пари, при што од домот одзела вкупно 25.000 евра.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.