Црна хроника
Уапсен кумановец, во неговото возило биле пронајдени мигранти од Куба
Вчера, околу 19.20 часот, кај наплатната станица кај Демир Капија, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово го лишиле од слобода Ф. А. (50) од Куманово затоа што при контрола на патничко возило „фолксваген туран“, со кумановски регистарски ознаки, што го управувал, биле пронајдени седум лица – мигранти од Куба.
Тие биле пренесени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија за понатамошна постапка.
По целосно документирање на случајот, против Ф. А. ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсени две лица во Тетово и Гостивар, кај нив се пронајдени пиротехнички средства
Вчера во 14:20 часот на ул.„Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода А.З.(52) од Тетово.
При извршена контрола во неговиот продажен објект, биле пронајдени и одземени разновидни пиротехнички средства, за кои не поседувал никакви документи.
Исто така, во 16:30 часот полициски службеници од ОВР Гостивар, кај Градскиот пазар во Гостивар, го лишија од слобода Ј.М.(64) од Тетово затоа што бил затекнат како врши продажба на остри предмети, а при преглед во неговото товарно возило ,,форд“ со тетовски регистерски таблички биле пронајдени и одземени 2.053 парчиња разновидни пиротехнички средства, разновидни ножеви и метални боксирачи.
По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Црна хроника
24-годишен скопјанец истепа полицаец на крстосница: со повреди полицискиот службеник е пренесен во болница
Вчера во 15:10 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 24-годишниот А.С. од Скопје затоа што на крстосницата на булевар „Никола Карев“ со улицата „Македонско – косовска бригада“ во Скопје физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија, регулирање на сообраќајот за време на протест.
Полицискиот службеник е пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде му се констатирани телесни повреди.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсен 27-годишен штипјанец: при претрес пронајдена марихуана
Вчера во 11:50 часот во Штип, полициски службеници од отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип го лишија од слобода 27-годишниот М.Џ. од Штип.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се повеќе пакувања со марихуана.
Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

