Топ
Уапсен скопјанец, се заканувал на градоначалник на скопска општина

Вчера вечер во 20.30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода 60-годишниот М.М. од Скопје, затоа што упатувал закани на С.Ј., градоначалник на една скопска општина, извести МВР.
– Со него бил извршен службен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот, Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал при СВР Скопје против него ќе поднесе соодветна кривична пријава, велат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Украина со ракети „Сторм Шедоу“ нападна хемиска фабрика во Русија

Украинските сили на 21 октомври изведоа масовен напад со британски ракети „Сторм Шедоу“ врз хемиската фабрика во руската област Брјанск, потврди Генералштабот на Украина. Нападот бил комбиниран воздушно-ракетен и, според украинската страна, го пробил рускиот противвоздушен систем.
Фабриката, која произведува барут, експлозиви и компоненти за ракетно гориво, е опишана како „клучен објект“ на руската воено-индустриска инфраструктура. По ударот, во Брјанск биле пријавени и прекини на електрична енергија.
Missile and drone strikes on Russia is underway. So far, this was reported:
– UAVs targeted a power substation in Bryansk region;
– Allegedly, a Storm Shadow missiles struck the Bryansk Chemical Plant, which had been serving Russia’s military-industrial complex;
– A thermal… pic.twitter.com/Po5FNZvQfr— Kate from Kharkiv (@BohuslavskaKate) October 21, 2025
Ракетите „Сторм Шедоу“, со домет од 250 до 560 километри, се дизајнирани за прецизни удари по критични цели и претходно биле користени против цели во Брјанск, Курск и на Крим.
Bryansk region… BAVOVNA 🤩🔥 pic.twitter.com/Vf4SnXWT1i
— MAKS 25 🇺🇦👀 (@Maks_NAFO_FELLA) October 21, 2025
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека далекуметните удари се незаменлив клуч за мирот, нагласувајќи дека Русија избегнува дипломатија кога Украина има послаб капацитет за такви напади.
Blackout in the Bryansk Oblast after a Ukrainian drone attack
🇺🇦🇷🇺‼️‼️‼️‼️‼️‼️‼️‼️‼️‼️‼️‼️‼️ pic.twitter.com/hSFrotAIgj
— WW3 Monitor (@WW3_Monitor) October 21, 2025
Македонија
Во тек голема акција: Финансиската полиција ја тресе прилепската болница, има приведени

Во тек е голема акција на финансиската полиција во Прилеп, поврзана со сомнежи за криминал во работењето на прилепската болница.
Според информациите за „Макфакс“, приведени се повеќе лица кои раководеле со болницата.
Од Основното јавно обвинителство, попладнево, соопштија дека Финнсиската полиција постапува по нивна наредба.
„Се преземаат дејствија во врска со постапка за наводи против повеќе лица за злоупотреби во работењето на прилепската болница. Акцијата е во тек“ соопштија од Обвинителството.
Повеќе детали ќе бидат познати во текот на утрешниот ден.
Македонија
Еден осуденик месечно ја чини државата околу 1.000 евра, Пандов рече дека пробацијата не се користи доволно

Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов, изјави дека државата месечно троши околу 1.000 евра за еден осуденик, нагласувајќи дека пробацијата во Македонија не се користи доволно, иако постои веќе шест години.
На работниот состанок „Пробација и условен отпуст“, што денеска се одржува во Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во Скопје, беше посочено дека над 900 лица во моментов се под пробациски мерки, а системот има капацитет да опфати уште многу повеќе.
„Има многу поголем капацитет и многу почесто и подолги треба да бидат тие условни отпусти. Голем дел од осудените лица можат да бидат на условен отпуст, нормално, со препорака од секторот за ресоцијализација и директорите на затворите“, рече Пандов.
Тој посочи дека соработката со невладини организации е активна, а пробациските мерки се применуваат според видот на делото – од домашно насилство до злоупотреба на наркотични средства. Во моментов има над 100 барања за прекин на пробацијата, најчесто поради непочитување на препораките.
Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, истакна дека целта на казнувањето не е само санкцијата, туку и ресоцијализацијата и рехабилитацијата на сторителите. „Условниот отпуст игра важна улога во таа насока“, рече Камбовски.