Црна хроника
Уапсен 18-годишник од Шишево, кој летоска фрли куче од мост во реката

Фатен е 18-годишниот скопјанец, кој летоска од мост во реката фрли куче и потоа објави фотографии на социјалните мрежи.
Според информациите од МВР, О. К. (18) од с. Шишево, општина Сарај, вчера бил фатен на граничниот премин Табановце затоа што при пасошка контрола било констатирано дека за него бил распишан централен распис од ЕВР Ѓорче Петров поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело мачење животни.
Тој бил спроведен во ЕВР Ѓорче Петров и во службен разговор признал дека го сторил делото, односно дека во текот на летото фрлил куче од мост во реката и потоа објавил фотографии на социјалните мрежи. Видеото летоска беше објавено на „Тик-ток“.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Возач загина кај гостиварско Чегране

Возач починал на самото место откако излетал со својот фолскваген голф на патот меѓу гостиварско Чегране и Корито, информира Министерството за внатрешни работи. Се работи за 26-годишниот Л.М. од гостиварското село Форино. Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош.
Увидната екипа на ОВР Гостивар извршила детална истрага на местото на несреќата, во присуство на јавен обвинител. Телото на починатиот, по наредба на обвинителот, е дадено на обдукција за утврдување на причините за смртта.
Топ
Во тешка сообраќајка попладнево загина маж, а тешко повредено е 18-годишно момче

Во директен судир на две патнички возила попладнево околу 14 часот на експресниот пат Штип – Велес загинал маж, а 18-годишно момче е тешко повредено. Увид направила екипа на СВР Штип, потврдија од МВР. На местото на настанот била повикана и екипа на Противпожарната единица од Велес.
Како што информираат од Итната помош на ЈЗУ Здравствен дом Велес, тие за несреќата биле повикани во 14.20 часот и за десетина минути стигнале на местото на несреќата – на крстосницата кон село Иванковци кај силосите.
Д-р Елена Најдовска изјави дека констатирале смрт кај повозрасен маж од едното возило, кој починал на самото место на директниот судир. Рече дека веднаш му укажале лекарска помош на 18-годишното момче од Струмица кое било во другото возило. Имал повреди на карлица, на десно колено и на главата, но бил свесен и контактибилен.
По укажаната прва медицинска помош, екипата од Итната помош го пренеле повреденото момче на понатамошно лекување во Ургентниот центар во Општа болница Велес.
Автомотосојузот на Македонија во вонреден извештај попладнево информираше дека сообраќајот на експресниот пат Штип – Велес е во прекин во двата правца.
Црна хроника
Лишени од слобода лихвар и неговата сопруга од Неготино
