Топ
Ужас во Скопје: дете избодено со нож од друго дете

Малолетно момче избодено од друг малолетник.
-На 13.05.2023 полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево привеле малолетник од с.Батинци, постапувајќи по пријава според која на 12.05.2023 во вечерните часови во с.Батинци, скопско, во близина на џамијата, нападнал друг малолетник од истото село и му нанел повреда со остар предмет. Повредениот е пренесен во ГОБ „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош, велат од МВР.
Како што информираат од МВР, со пријавениот малолетник во присуство на родител е извршен службен разговор во полициска станица и во координација со Јавен обвинител против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Судири меѓу полицијата и демонстрантите во Бугарија, десничарите против воведувањето на еврото

Приврзаниците на крајната десница денеска се судрија со полицијата за време на протестот за поддршка на бугарската валута лев и против воведувањето на еврото, јавува Анадолија.
Протестот се одржа пред Бугарската народна банка (БНБ) и пред претставништвото на Европската комисија во Софија.
Демонстрантите се обидоа да упаднат во зградата на претставништвото на Европската унија, користејќи црвена боја, петарди и молотови коктели. Околу 10 полицајци се повредени, а шест лица се уапсени.
Демонстрантите потоа ја запалија вратата од зградата на претставништвото на Европската комисија во Бугарија, јави репортерот на БГНЕС.
Бугарските парламентарци минатата година усвоија нацрт-закон за преминување на еврото како национална валута од почетокот на 2025 година. Сепак, влезот во еврозоната беше одложен поради високата инфлација и други економски фактори.
Предлог-законот ги регулира принципите, рамката и процедурите за воведување на еврото во Бугарија и ги утврдува правилата и преоден период за да им се даде време на граѓаните да се прилагодат на новата валута.
Топ
Нападната и силувана девојка од Скопје, уапсен 37-годишник

Денеска во 01.20 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода 37-годишниот Б.Б. од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 21.02.2025 физички нападнал 28-годишна девојка од Скопје и извршил обљуба врз неа.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
Додека управувал возило му се слошило и починал: автомобилот излетал од патот во Радовиш, удрил во столб па во паркиран „форд“

Вчера во 10.52 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на улицата „8 Септември“ во Радовиш, додека управувал патничко возило „сузуки“ со радовишки регистарски ознаки, на 70-годишниот С.Ѓ. од село Воиславци, радовишко, му се слошило и починал, по што со возилото излетало од коловозот и удрило во столб и паркирано патничко возило „форд“.
Лекар од Итна медицинска помош Радовиш констатирал смрт кај возачот, која настанала како последица на срцев удар.
Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Радовиш.