Црна хроника
Украинки ограбени во стан во Скопје: ги нападнале и им украле пари и мобилни телефони
Вчера околу 21.00 часот во СВР Скопје, И.Р.(39) и Т.Л(35), двете од Украина со престој во Скопје, пријавиле дека во домот во кој престојувале на подрачје на Центар две лица со употреба на физичка сила и закана им одзеле пари, мобилни телефони и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија надлежните.
Украинки ограбени во стан во Скопје, ги нападнале и им украле пари
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Виничанец нападнал полицаец со дрвен предмет во угостителски објект
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Б.В. (37) од Виница, поради основано сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице во вршење службено дејствие“, соопшти МВР.
Според пријавата, на 8 август 2025 година, во угостителски објект во Виница, пријавениот со дрвен предмет нападнал полициски службеник додека тој извршувал службени дејствија.
По документирање на случајот, материјалите ќе бидат доставени до надлежното обвинителство.
Црна хроника
Кривична пријава поради небезбедни услови за работа, двајца повредени на скеле во Липково
Полицијата поднесе кривична пријава против А.Б. (48) од Скопје, управител на фирма, поради тешки дела против општата сигурност, соопшти МВР.
Според пријавата, на 14 декември 2024 година, на објект во изградба во село Липково, пријавениот не постапил согласно Правилникот за минимални барања за безбедност и здравје при работа.
Поради непоставена парапетна заштита на надворешно и внатрешно монтажно скеле, дошло до пукање на конструкцијата, при што двајца работници се здобиле со повреди.
Полицијата наведе дека случајот е целосно документиран и ќе биде доставен до надлежното обвинителство.
Црна хроника
Kумановка платила 2.000 евра за патување, но наместо билет, добила молк од скопска туристичка агенција
Дваесет и осумгодишна жена од кумановско пријавила дека била измамена од лице вработено во туристичка агенција во Скопје, за износ од 2.000 евра, соопшти МВР.
Според пријавата, кон крајот на февруари 2025 година, жената отишла во агенцијата да изврши уплата за патување, при што вработениот побарал парите да му ги даде на рака, ветувајќи дека сметката за уплатата ќе ѝ биде издадена дополнително.
По неколку неуспешни обиди да го контактира, осомничениот ѝ соопштил дека не може да ги обезбеди документите за патувањето, а подоцна престанал да одговара на нејзините повици.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

