Црна хроника
Украле „југо“ и извршиле тешки кражби во повеќе возила во скопски Аеродром: приведени малолетници од Скопје и Кавадaрци
Денеска, во 6 часот, на подрачјето на Бит-пазар, полициски службеници од Оперативниот тим потраги при СВР Скопје ги лишиле од слобода К. Д. (18) од Кавадарци, Т. И. (18) од Скопје и двајца малолетници од Скопје.
Тие се сомничат дека претходно одзеле патничко возило „југо“ и извршиле тешки кражби во повеќе возила на подрачјето на општина Аеродром, при што одзеле повеќе предмети.
Возилото и одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците. По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Mлад скопјанец натепан во автобус во Карпош од две двојно постари лица
Синоќа во градски автобус на подрачјето на Карпош, Н.Ј.(23) од Скопје бил физички нападнат од Ј.И.(58) и 50 – годишната Л.И., двајцата од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.
Топ
Деца натепани од врсници на Бит Пазар пред зградата во која живеат
Триесет и четиригодишната Ч.М.А. од Скопје пријавила дека околу 16.30 часот пред зградата во која живеат на подрачје на Бит Пазар, нејзините малолетни деца биле физички нападнати од двајца малолетници.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.
Топ
Избоден малолетник во Куманово, пренесен е болница
Малолетно момче било избодено синоќа во Куманово.
Од МВР велат дека момчето се здобило со повреди и било пренесено во Ургентниот центар.
Засега е познато дека зад нападот стои едно лице, но од МВР без детали што претходело и дали двајцата се познавале.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.