Црна хроника
Управувал мопед со 2,14 промила алкохол во крвта: уапсен гостиварец
Вчера во 14.58 часот на ул.„Живко Брајковски“ во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Гостивар го лишиле од слобода Е.С.(68) од Гостивар.
Тој управувајќи мопед изгубил контрола и паднал на коловозот, а при извршениот увид утврдено е дека бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,14 промили алкохол во крвта.
Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297 А од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Крадец влегол преку незаклучена врата: ѝ го украл накитот на скопјанка, ја турнал и побегнал
Ноќеска во 22:50 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена од скопско пријавила дека на 25.10.2025 околу 19:00 часот во домот на подрачјето на Бит Пазар, едно лице влегло преку незаклучена врата.
Откако влегло лицето и одзело личен накит, а откако пријавителката го затекнала, лицето ја турнало и се дало во бегство.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Прегазена 76-годишна скопјанка
Вчера околу 09:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„16 Македонска бригада“ во Скопје, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Г.(26) од Скопје, удрило во 76-годишната М.Г. од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Г., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Измамен скопјанец: лажно му се претставил дека е полицаец и го ограбил
Вчера во 11:10 часот во СВР Скопје, М.А.(61) од Скопје пријави дека ноќта околу 00:30 часот на подрачјето на Гази Баба, додека бил во своето патничко возило, едно лице кое му се претставило дека наводно е полициски службеник, му одзело документи од возилото.
Потоа, според пријавеното, му рекол на М.А. да влезе во друго возило и му одзел пари и платежна картичка и подоцна го симнал на подрачјето на општина Аеродром.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

