Топ
Уште едно лице им подлегна на повредите по синоќешната престрелка на „Рузвелтова“

Уште едно лице од тројцата патници на возилото „Сеат aлтеа“ кое било со скопски регистарски ознаки, им подлегнал на повредите добиени од истрелите од огнено оружје, во Ургентениот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, велат од МВР.
Како што соопшти полицијата станува збор за 49-годишен скопјанец со иницијали А.П., додека третото момче кое е на возраст од 19 години се уште се наоѓа на комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му се укажува соодветна медицинска помош.
Во пресртелката според полициски извори од здобиените повреди на лице место починал 44-годишниот Н.А., додека неговите двајца сопатници едниот на возраст од 49 години, другиот на возраст од 19 години поради тешки повреди со возило на итната медицинска помош веднаш биле пренесени во Ургентниот центар „Мајка Терезе“, по што лицето А.П. (49 години) и покрај укажаната помош им подлегнал на повредите.
Според полицијата престрелката се случила по полноќ на улицата „Франклин Рузвелт“, кога непознати лица од возило пукале во возилото „Сеат aлтеа“ со скопски регистарски ознаки, во кое биле лицата Н.А.(44), Ф.Е.(19) и А.П.(49), сите од Скопје, наведуваат од МВР.
Од полицијата посочија дека се преземаат сите мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нобеловата награда за мир ѝ е доделена на Марија Корина Мачадо од Венецуела

Нобеловата награда за мир ѝ е доделена на Марија Корина Мачадо од Венецуела.
Норвешкиот Нобелов комитет соопшти дека таа ја добила наградата „за нејзината неуморна работа за промовирање на демократските права за народот на Венецуела и за нејзината борба за постигнување праведен и мирен премин од диктатура во демократија“.
Мачадо е опозициска политичарка, економистка и една од најистакнатите критичарки на режимот на венецуелскиот претседател Николас Мадуро. Таа е основач на движењето „Vente Vente Venezuela“ и симбол на борбата за демократски промени во земјата, позната по своите либерални и продемократски ставови.
Две децении, Марија Корина Мачадо е најпрепознатливото лице на венецуелската опозиција и симбол на борбата против режимот на Николас Мадуро. Оваа 57-годишна инженерка, поранешна членка на Националното собрание и лидерка на либералното движење „Vente Vente Venezuela“, е позната по своите непопустливи критики кон авторитарната влада и повикува на враќање на демократијата во земја уништена од корупција, инфлација и политички прогон.
На почетокот на 2000-тите, Мачадо ја основа организацијата Сумате, која се бореше за фер избори и транспарентност, поради што таа често беше цел на властите. Во јануари 2024 година, како што се приближуваа претседателските избори, Врховниот суд на Венецуела, контролиран од Мадуро, ја дисквалификуваше од политиката 15 години, забранувајќи ѝ да се кандидира за функција. Ројтерс и Би-Би-Си известуваат дека Мачадо потоа ја именуваше професорката Корина Јорис за нејзина замена на опозициската листа.
И покрај забраната, Мачадо продолжи да се појавува во јавноста, собирајќи поддржувачи низ цела Венецуела. Во јануари 2025 година, таа беше накратко уапсена по говорот во Каракас, а сведоците тврдеа дека нејзиниот конвој бил нападнат. Според Би-Би-Си, таа набрзо беше ослободена, додека властите негираа дека се случиле какви било апсења.
CNN и Ројтерс известуваат дека Мачадо се смета за клучна фигура во демократската опозиција од страна на меѓународната заедница, вклучувајќи ја Европската Унија и САД. Таа е добитничка на неколку меѓународни награди, вклучувајќи ја наградата Сахаров за слобода на мислата (2024) и наградата Вацлав Хавел за човекови права.
За многу Венецуелци, Марија Корина Мачадо останува симбол на храброст, граѓански отпор и надеж дека земјата, по години авторитарно владеење, ќе најде пат назад кон слободата и политичките промени.
Фото: ЕПА
Македонија
(Фото) Општина Центар испрати протестна нота до австриската амбасада поради паркирано возило во пешачка зона

Општина Центар – Скопје испрати протестна нота до Амбасадата на Република Австрија поради непрописно паркирање и загрозување на безбедноста на пешаците.
Во целост ја пренесуваме протестната нота, потпишана од градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.
„Општина Центар – Скопје упатува најостар протест поради непрописното паркирање на дипломатско возило на австриската амбасада со регистарски таблици 22-CMD-01, кое на 8 октомври 2025 година (среда) било паркирано во пешачка зона во паркот во населбата Капиштец, во близина на улицата „Народен фронт“, наспроти угостителскиот објект „Интермецо“.
Оваа постапка претставува директно прекршување на сообраќајните правила и нарушување на јавната безбедност.
Овој простор е наменет за рекреација на граѓаните, со спортски и детски игралишта каде секојдневно престојуваат деца, млади и семејства. Со ваквото однесување се загрозува јавниот ред и безбедноста во урбаната средина.
Општина Центар потсетува дека, и покрај дипломатскиот статус на возилата, почитувањето на локалните прописи и правилата за јавен ред и безбедност е основен принцип што важи за сите, вклучително и за дипломатските претставништва во Република Северна Македонија.
Во таа насока, Општина Центар бара од Министерството за надворешни работи да ја извести Амбасадата на Република Австрија и да преземе соодветни дипломатски мерки за спречување на вакви случаи во иднина.
Општината ја користи оваа прилика да го изрази своето уверување во взаемното почитување и соработка со дипломатската заедница, во духот на добрите односи и меѓусебното разбирање“.
Регион
Русија ѝ се заблагодарува на Србија за донацијата од речиси 6 милиони долари: „Посебна симболика“

Според соопштението на руското Министерство за надворешни работи, Србија обезбедила „финансиска хуманитарна помош во вредност од 472 милиони рубли (околу 5,8 милиони американски долари)“ за регионот Курск.
Руското министерство во соопштението наведува дека, според нивните тврдења, српската влада го доделила наведениот износ како хуманитарна помош.
„Средствата се исплатени на Фондот за развој на регионот Курск, кој спроведува проекти за поддршка на најранливите групи на населението погодени од криминалните активности на режимот во Киев“, се вели во соопштението на министерството.
Москва ѝ се заблагодари на „пријателска Србија“ за „вниманието и сочувството, грижата за судбината на руските граѓани“, истакнувајќи дека овој чин носи „посебна симболика што го одразува вековното братство и блиските врски на двете земји и народи“.
Досега, официјален Белград не потврди дека е испратена каква било помош во Русија.
Србија претходно ѝ обезбеди хуманитарна помош на Украина, вклучително и откако Русија ја сруши хидроелектричната брана Каховка.
Српскиот претседател, Александар Вучиќ, исто така, изјави дека неговата земја е подготвена да учествува во обновата на еден или два украински региони.
Фото: ЕПА