Црна хроника
Фатени двајца крадци во Кочани
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/03/lisici-apsenje.jpg)
Вчера во 17:30 часот полициски службеници од Полициската станица Кочани ги привеле М.К.(23) и Д.А.(19) од Кочани, поради постоење основи на сомнение дека се извршители на кривично дело тешка кражба. По комплетирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава, информира полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Црна хроника
Прегазена 80-годишна жена во Прилепско, однесена во болница со тешки повреди
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/06/MVR-policija.jpg)
Вчера, во 17.20 часот, во СВР Битола било пријавено дека во с. Тополчани, прилепско, патничко моторно возило „мазда“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д. Ч. (26) од с. Тополчани, удрило во Р. В. (80) од с. Тополчани.
На Р. В. во Градската болница во Прилеп ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.
Црна хроника
Претрес во Тетово, пронајдена дрога
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/03/marihuana-zaplena-5.jpg)
Вчера полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од СВР Тетово го лишиле од слобода Л.Р. (23) од Тетово.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
Л.Р. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Штипјанец се шетал со пластичен пиштол и се заканувал на улица
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/03/policija-5.jpg)
Полицијата синоќа во Штип го приведе 20-годишниот Ф.Д., од селото Стар Караорман, Штипско.
Според пријавеното, околу 21.30 часот на улицата Сремски Фронт во Штип тој агресивно се однесувал кон лица од Скопје и им се заканил со пиштол.
Лицето било задржано во полициска станица и од него бил одземен пластичен пиштол со метални додатоци, објави МВР во дневниот билтен.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.