Црна хроника
Фатени дрвокрадци во дебарско
Вчера во 14.00 часот, полициски службеници од ОВР Дебар ги привеле З.К.(39) и Т.Ш.(28), двајцата од дебарското село Хаме. При контрола, извршена на локален пат во атарот на истото село, полициските службеници ги затекнале лицата при транспорт на огревно дрво без документација.
Известени се јавен обвинител и претставници на Шумската полиција, а по целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Скопјанка на 69-годишна возраст е жената која загина по удар на автомобил во Чаир
Шеесет и деветгодишна жена, со иницијали Н.П. од Скопје е починатата по ударот на автомобил во Чаир, објави МВР.
Несреќата се случи вчера во 18.40 минути, на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје.
Како што претходно беше објавено, автомобил „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 19-годишната А.Џ., удрил во жената, која од здобиените повреди починала на местото на настанот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
Девојката којашто управувала со возилото се здобила со телесни повреди констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.
По наредба на јавен обвинител телото на почината било дадено на обдукција.
Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Уапсен 37-годишник од Богданци, шверцувал мигранти од Сирија
Вчера во 07.15 часот на околу еден километар од тунелите Демир Капија, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода, 37-годишниот Д.П. од Богданци.
Во близина на возилото „ауди а6“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 10 лица мигранти од Сирија. Претходно, тој бил забележан на автопатот „Пријателство“ после клучката Демир Капија, во правец на Гевгелија, како со возилото ги превезува мигрантите. По преземени мерки и активности, возилото и мигрантите биле пронајдени.
Мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија, а Д.П. бил задржан во Полициската станица Неготино и против него, по брза постапка, е поднесена кривична пријава по член 418 – б од Кривичниот законик, а од судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена. Д.П. е спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката.
Топ
Деветнаесетгодишна девојка го управувала автомобилот со којшто беше усмртена жената во Чаир
Деветнаесетгодишна девојка (А.Џ.) управувала со автомобилот „сеат алтеа“, со којшто попладнево беше прегазена жената во скопската населба Чаир којашто почина на лице место.
Според информациите од МВР, девојката што возела со возило на Итната медицинска помош е пренесена во Градската болница.
„Макфакс“ претходно објави дека несреќата била пријавена во 18.43 часот на булеварот Христијан Тодорвски-Карпош.
Засега не се знае под кои околности била предизвикана несреќата и идентитетот на жената. Надлежните вршат увид.