Црна хроника
Фатени дрвокрадци во Прилеп, со „лада“ носеле дрва и моторни пили

Во атарот на село Степанци, на местото „Црници“ во Општина Чашка, вчера од страна на полициските службеници од СВР Велес беа затекнати 64-годишниот И.Ш. и 33-годишниот Е.А, двајцата од Прилеп, кои пренесувале дрва без соодветна документација.
Како што информира денеска портпаролот на СВР Велес, Билјана Ѓаковска, од нив било одземено патничко возило „лада“ без регистарски ознаки, натоварено со дрва и две моторни пили.
Од СВР Велес, најавија дека по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка во Дебар

Вчера околу 12:50 часот на улицата „Иса Болетини“ во Дебар се случила сообраќајна несреќа во која тешко бил повреден 19-годишен мотоциклист, информираа од ОВР Дебар.
Во несреќата учествувале патничко возило од марката „Опел Астра“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од С.Р. (38) од селото Горно Косоврасти, и мопед со исто така дебарски регистарски ознаки, управуван од Д.Т. (19) од Дебар.
Од ударот, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Јавната здравствена установа во Дебар.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Дебар, а причините за несреќата се предмет на понатамошна истрага.
Црна хроника
Со фалсификувана возачка дозвола сакал да помине на Табановце

СВР Куманово поднесе кривична пријава против лице од Врапчиште за приложување на фалсификувана возачка на граничниот премин Табановце.
– СВР Куманово поднесе кривична пријава против Х.М.(47) од с.Врапчиште, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 09.03.2025 на Граничниот премин Табановце, за влез во државата, пријавениот приложил фалсификувана возачка дозвола, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи.
Црна хроника
Вршел јавен превоз без лиценца

СВР Штип поднесе кривична пријава против И.С.(60) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
Како што посочуваат од МВР, на 28 март 2025 година во Свети Николе, полициски службеници извршиле контрола над патничко возило, управувано од пријавениот, при што било констатирано дека врши превоз на патници без да поседува лиценца издадена од надлежен орган.