Црна хроника
Фатен бегалец од затвор, кумановецот бил осуден на казна од 11 години и 2 месеца

Денеска, во 10.30 часот, во атарот на селото Добрешане, Кумановско, Оперативниот тим потраги и полициски службеници од ОКР Гази Баба го лишија од слобода лицето М. Ф. (35) од Куманово.
Тој бил баран по распишана централна потерница врз основа на наредба од Казнено-поправната установа „Затвор Идризово“, каде што бил осуден на казна затвор во траење од 11 години и 2 месеца за сторени кривични дела по член 235, член 236 и член 239 од Кривичниот законик.
М. Ф. ќе биде спроведен во Казнено-поправната установа „Затвор Идризово“, каде што има за доиздржување 6 години, 6 месеци и 2 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Мајка замавнала со ножот и го повредила синот: при семејна расправија во Дебар

Вчера во 17 часот во Дебар, полициски службеници од ОВР Дебар ја лишиле од слобода 62-годишната Т.В. од Дебар.
Таа околу 15:30 часот при расправија во семејниот дом со остар предмет замавнала и нанела повреда на нејзиниот 31-годишен син.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, соопшти полицијата.
Црна хроника
Уапсени три лица за шверцување мигранти од Египет

Полицијата приведе три лица на автопатот Куманово – Табановце за криумчарење мигранти од Египет.
Полициски службеници вчера ги лишиле од слобода А.Р.(26) од с.Студеничани, скопско, Б.Б.(26) од Радовиш и А.Ш.(31) од Радовиш.
Имено, во 19.45 часот на автопатот Куманово – Табановце, кај Костурник, полициски службеници забележале патничко возило „ауди“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Б.Б., а сопатник бил А.Ш., и патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С., во кои биле превезувани мигранти.
Возилата не застанале на даден знак за запирање и продолжиле движење, но набргу била запрени и во нив биле пронајдени осум лица мигранти од Египет.
Мигрантите биле пренесени во Транзитен центар Табановце, а по преземени било утврдено дека за А.С. има распишано три потерници и тој со другите две лица биле предадени во Полициската станица Куманово за понатамошна постапка.
Црна хроника
На ГП табановце приведени две лица – едното за шверц на дрога, другото за фалсификувана возачка дозвола

Вчера на Гранишниот премин Табановце се приведени две лица – едното за шверц на дрога, другото за фалсификувана возачка дозвола.
Околу 09:30 часот од страна на полициски службеници од ГП „Табановце“ уапсен е Х.О. (22) полски државјанин кој што со патничко возило „Рено меган“ со полски национални ознаки сакал да оствари влез во нашата земја. Лицето е приведено затоа што при дополнителна контрола врз возилото во истото била пронајдена пластична тегла со опојна дрога – марихуана, како и една дробилка.
На истиот граничен премин вчера околу 17:25 часот од слобода е лишено и лицето В.А. (39) српски државјанин при обид за влез во државава со мопед марка „Aprillia RSV4“ со швајцарска национална ознака. При гранична контрола лицето на увид приложило швајцарска возачка дозвола на негово име за која што по дополнителна контрола со помош на претставници на „Фронтекс“ било констатирано дека е целосен фалсификат.