Црна хроника
Физичка пресметка помеѓу две жени и малолетничка во Кичево
 
																								
												
												
											На улица Прилепска во Кичево вчера била нарушена јавната безбедност со физичка пресметка во која биле вмешани три лица, информираат од ОВР Кичево.
Според пријавата, инцидентот се случил на 17 мај 2025 година, околу 11:38 часот, кога дошло до физичка пресметка помеѓу Е.М. (41) од една страна и С.Б. (42) и нејзината малолетна ќерка од друга страна.
„Се работи на целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопштија од полицијата.
Мотивите и причините за инцидентот засега не се познати.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
 
																	
																															Црна хроника
Уапсен дилер во Ѓорче Петров, пронајдена дрога
 
														Вчера околу 14:40 часот во Скопје, на територија на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода 26-годишниот Б.Б. од Скопје.
Пред куќа во Ѓорче Петров, Б.Б., кој бил со патничко возило „фиат“, фрлил фолија во која имало бела грутчеста материја, по што заминал со возилото, но бил сопрен од страна на полициските службеници и лишен од слобода.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Расчистени кривични дела „разбојништво“ и „насилство“ извршени од малолетници во реонот на Бит Пазар
 
														Вчера во Скопје, во Полициската станица Бит Пазар извршен е службен разговор со тројца малолетници, во присуство на нивните родители, поради основи на сомнение дека на 30.06.2025 извршиле кривично дело „разбојништво“ по член 237 од КЗ врз малолетник од Скопје.
Извршено е и препознавање од страна на оштетениот и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Исто така, од страна на полициски службеници од ОКР Центар-Бит Пазар од слобода е лишен малолетник од Скопје поради тоа што изршил кривично дело „насилство“ на 22.10.2025 врз друг малолетник.
Извршено е и препознавање од страна на оштетениот и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Црна хроника
Уапсен скопјанец, при преглед во возилото пронајдена муниција
 
														Вчера околу 20:35 часот полициски службеници од СВР Скопје, по претходно добиени оперативни информации, сопреле возило „рено меган“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 37-годишниот Р.А. од Скопје.
При извршен преглед во возилото пронајдени се 100 куршуми.
Р.А. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.


 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											