Црна хроника
Физички нападнати три лица од Турција на Матка
Пред 2 дена на Матка биле нападнати три лица од Турција откако влегле во претходна расправија со неколку лица.
„На 07.08.2024 во 18.30 часот во СВР Скопје, Е.С.(31) од Република Турција пријавил дека околу 16.50 часот на кањон Матка, на подрачјето на општина Сарај, по претходна расправија, тој и Ј.М.(31) и А.К.(31), сите од Република Турција, биле физички нападнати од неколку лица.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, стои во билтенот на МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ученик од основно училиште во Скопје бил полово вознемируван од негов соученик
Триесет и шестгодишна жена скопјанка пријавила дека на 17 септември во основно училиште на подрачјето на Карпош во Скопје, нејзиниот малолетен син бил полово вознемируван од негов соученик.
Се работи на расчистување на случајот.
Црна хроника
Сопственик на локал во Гостивар нападнал вработена
Полицијата поднесе кривична пријава против С.А.(55) од Гостивар поради насилство.
„На 04.08.2024 во уостителски објект во Гостивар, пријавениот, сопственик на објектот, по претходно недоразбирање, физички ја нападнал вработената М.А..“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Скопјанка пријавила манијак кој се соблекувал пред малолетници
Триесет и деветгодишна жена од Скопје пријавила дека на 18 септември околу 13.00 часот на подрачјето на Центар во Скопје, едно лице се соблекувало пред повеќе малолетници.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.