Топ
(Фото + видео) Возилото што падна во Лепенец е пронајдено, од патниците нема трага
Како што дознава „Макфакс“, припадници на полициската единица Тигри го пронајдоа косовското возило „БМВ“ што вчера по сообраќајна несреќа падна во реката Лепенец со четворица патници.
Возилото е пронајдено во близина на местото на несреќата и во моментов се извлекува од реката.
Од МВР за „Макфакс“ најавија дека штом има нови информации ќе ја изветат јавноста, а засега не е познато дали има трга од тројцата исчезнати патници меѓу кои има и еден малолетник. Четвртиот патник од возилото, како што објави „Макфакс“ беше однесен во ГОБ „8 септември“ и не е тешко повреден. Едно лице, возачот на другиот автомобил со кој се претекнувале, е уапсено.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Сведок за нападот во воз во Англија: Видов човек кој трчаше и ги предупредуваше другите дека е избоден
Полицијата во Кембриџшир соопшти дека вооружени полицајци пристигнале на местото на настанот откако добиле извештаи за напад во воз во Англија.
„Вооружени полицајци пристигнале на местото на настанот и возот бил запрен во Хантингдон, каде што биле уапсени двајца мажи“, соопшти полицијата.
Службата за брза помош на Источна Англија започнала голема операција за инцидентот. Портпаролот изјавил дека голем број амбулантни возила, тактички команданти и нивниот тим за одговор на опасни подрачја биле на местото на настанот.
„Можеме да потврдиме дека превезовме повеќе пациенти во болницата“, додаде тој.
Еден сведок кој бил во возот раскажал како видел некого како се движи низ вагонот и ги предупредува другите: „Имаат нож, избоден сум“.
Multiple people stabbed on train in Huntingdon.
2 people arrested.Britain is under terror attack.
Our politicians are bringing more terrorists in UK, via plane 1st class.
Wake up! pic.twitter.com/vTGKIxRZip
— Tony 🇬🇧 (@TonyL_01) November 1, 2025
Сведокот изјавил за „Скај њуз“ дека човекот бил „екстремно крвав“.
„Тоа лице заврши колабирајќи на подот. Беше однесено во амбулантно возило речиси веднаш“, истакнал тој.
Други сведоци, исто така, велат дека ранети луѓе трчале низ возот, бегајќи од напаѓачот со нож.
„Подоцна, вооружени полицајци биле видени како го насочуваат оружјето кон човек кој стоел на перонот со голем нож“, рекол еден сведок.
Потоа човекот бил онеспособен со електрошокер и врзан.
Девет лица се во животна опасност по нападот. Полицијата уапсила две лица, а британскиот премиер Кир Стармер го нарече настанот „страшен инцидент“. Полицијата потврди дека била активиран кодниот збор „Платон“ – сигнал за можен „подвижен терористички напад“, но подоцна таа квалификација била повлечена, и засега не е познат мотивот за нападот.
Свет
(Видео) Напад во воз во Англија, 9 лица се борат за живот
Девет лица се во животна опасност по напад со нож во воз во близина на Кембриџ, источна Англија, јави „Индекс“. Полицијата уапсила две лица, а британскиот премиер Кир Стармер го нарече настанот „страшен инцидент“.
Полицијата потврди дека била активиран кодниот збор „Платон“ – сигнал за можен „подвижен терористички напад“, но подоцна таа квалификација била повлечена, и не е познат засега мотивот за нападот.
Two people have been arrested after a stabbing spree on a train in Huntington, Cambridgeshire.
Reports suggests up to 10 people have been stabbed, including staff members.
This can’t be the new normal. We should be able to walk our dog, visit the bank or travel without fear. pic.twitter.com/jDgeqWJYMZ
— Chris Rose (@ArchRose90) November 1, 2025
Нападот се случил во петок околу 18:25 часот во возот на линијата Донкастер – Лондон, кратко по поаѓањето од станицата Питерборо. Возот бил запрен во Хантингтон, каде што полицијата ги привела осомничените.
Според сведоци, патници со рани од нож трчале низ вагоните бегајќи од напаѓачот. Во акцијата интервенирале вооружени полициски единици и голем број екипи на итната помош.
Стармер изјави дека неговите мисли се со повредените и им се заблагодари на службите за брзата реакција. Министерството за внатрешни работи апелира да се избегнуваат шпекулации додека трае истрагата.
Железничката компанија LNER соопшти дека станува збор за нивен воз и ги предупреди патниците дека линиите се блокирани.
Македонија
Отворени гласачките места, граѓаните избираат градоначалници во 32 општини и Град Скопје
Денеска во земјава се одржува вториот круг од локалните избори, на кои граѓаните избираат градоначалници во 32 општини и во Град Скопје. Право на глас имаат 1 013 375 избирачи, од кои 474 304 гласаат и за градоначалник на главниот град.
Во првиот круг на 19 октомври беа избрани 44 градоначалници, а денеска се гласа во Центар, Карпош, Аеродром, Куманово, Кичево, Струга, Тетово, Пробиштип, Кочани, Валандово и други.
Гласачките места се отворени од 7 до 19 часот.
Изборниот процес го следат 1 598 набљудувачи – 933 домашни и 651 меѓународен. Државната изборна комисија најави дека првичните резултати ќе ги соопшти вечерва, околу 23 часот.
Вчера гласаа болните лица и затворениците, а гласањето се одвиваше непречено.

