Топ
Четворица повредени во превртениот автобус во Битола
Четири лица се повредени во несреќата што утрово се сучи во Битола кога се преврте автобус со работници од фабриката „Кромберг и Шуберт“.
Според информациите од полицијата, во 6.28 часот било пријавено дека на излез од фабрика во близина на селото Жабени, Битолско, на пат за Битола, се превртел автобус со патници.
„До сега од несреќата како повредени со телесни повреди се пријавени тројца патници и возачот, а помош им е укажана во Клиничката болница Битола. Увид извршила екипа на СВР Битола“, велат од полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Демири со „Баланс МК“ разговараше за зголемување на опфатот на пациенти со инсулинска пумпа и сензори за мерење на гликемијата
Министерот за здравство, д-р Илир Демири, вчера, оствари средба со претставници на Асоцијацијата за детски дијабетес „Баланс МК“. На средбата разговараа за зголемување на опфатот на пациенти со инсулинска пумпа и сензори за континуирано мерење на гликемија.
„Министерството за здравство и ‘Баланс МК’ имаат успешна соработка, која продолжува и во следниот период со цел подобрување на квалитетот на живот на пациентите со дијабетес во земјата“, вели Демири.
Минатата година првпат се набавија 650 сензори за безболно мерење гликемија во крвата кај деца и млади до 18 години со дијабетес тип 1, бремени жени со дијабетес тип 1 и кај слепи лица.
Скопје
(Видео) Утрово се уриваше дивоградба во Ѓорче Петров: законот мора да важи еднакво за сите
Утрово, во скопско Ѓорче се уриваше дивоградба. Законот мора да важи за сите, порача градоначалникот на општината, Александар Стојкоски, кој сподели видео од уривањето.
„Нема да дозволиме провлекување поединци кои мислат дека се над законот. Денеска тоа го докажавме со почнувањето постапка за рушење дивоградба на државно земјиште. На странката ѝ беше даден предвидениот рок да постапи, но таа ги игнорира нашите предупредувања. Законската регулатива важи за сите исто. Нема заштитени или повластени, кои си играат детски игри на сметка на сите нас градејќи бесправно изградени објекти, без дозвола“, рече градоначалникот Стојкоски.
Вели дека во согласност со законската регулатива донеле решение за отстранување на објектот и нема да отстапат од намерите правдата да биде задоволена и еднаква за сите.
„Доаѓаат нови, добри и праведни времиња. Завршија деновите на провлекување и дупки во законот за правните и физички лица по разни основи и непочитување на правото. Цврсто стоиме на ставот да се справиме со сите што ќе намислат слично да постапуваат. Имајте предвид дека никој нема да биде поштеден“, порача градоначалникот.
Македонија
За кампањата на Пендаровски се користат државни ресурси – дали и анкетите и стратегиите за кампањата се платени со народни пари, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Стево Пендаровски го погази зборот по којзнае кој пат. Велеше дека нема да се користат државни ресурси во неговата кампања, за сега да бидеме сведоци дека вицепремиерот Маричиќ со службено возило дојде да се потпише за кандидатурата на Пендаровски, па дури и самиот Пендаровски се појави на промоција на проект кој нема никаква врска со неговите досегашни надлежности и искористи службено возило за да оди на отворање на штаб на СДС“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Дали ова не е злоупотреба на државата за партиски цели? Дали народните пари се трошат за партиските и изборните цели? Дали и колку државни ресурси се потрошени за ангажирање на анкети и стратези за кампањата на Пендаровски? Еднаш кога веќе не си отстои на зборот, зошто јавноста би верувала на чесен збор дека не се трошени државни ресурси во претсрет на кампањата на Пендаровски и во други случаи?! Надлежните институции треба внимателно да ги следат активностите на Пендаровски, СДС и ДУИ во пресрет и за време на кампањата. Дали Пендаровски заборави за тоа што го зборуваше кога објаснуваше дека не треба да се мешаат државата и партијата?“, дополнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што велат, можеби Пендаровски заборавил што зборувал, ама јавноста гледа што прави и како си ги погазува своите зборови.
„Пендаровски го девалвираше достоинството на народот и на Македонија. Затоа време е за промени“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.