Црна хроника
Четворица повредени при судир на „ауди“ и „бмв“ во Охридско

Синоќа во 19.10 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид–Кичево, кај с.Мешеишта, охридско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“, управувано од И.П.(22) од Струга и патничко возило „бмв“, управувано од А.П.(34) од с.Ливада, струшко, двете со струшки регистарски ознаки.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „ауди“, М.П.(49) од Струга, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатничка од возилото „бмв“, Ф.Р.(28) од Струга, констатирани во Општата болница Струга и Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
17-годишник со „бмв“ излетал од патот во Велешко: повредени тројца малолетници

На 16.07.2025 околу 21.40 часот во СВР Велес е пријавено дека на ул.„Раштански пат“ во правец од с.Бузалково кон с.Раштани, велешко, патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од с.Бузалково, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил неговиот 17-годишен сопатник од с.Бузалково, а со телесни повреди се здобиле малолетниот возач и уште еден 16-годишен сопатник од с.Бузалково, констатирани во Општата болница Велес. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.
Топ
Возел со 3,15 промили алкохол во крвта, во полусвесна состојба: уапсен пијан скопјанец на патот Охрид-Кичево

Денеска (18.07.2025) околу 14 часот на патот Охрид-Кичево полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Б.К.(48) од Скопје, затоа што управувал патничко моторно возило “тојота” со скопски регистарски ознаки, под дејство на алкохол.
Имено, по претходно добиена пријава на телефонскиот број 112 дека едно возило се движи неконтролирано по патот, преземени се соодветни мерки од страна на полициските службеници и возилото е запрено, а со тоа спречена е евентуална сообраќајна незгода која би можела да има тешки последици.
Притоа, било утврдено дека возачот е во полусвесна состојба и веднаш со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицинскиот центар во Кичево.
Откако му била пружена лекарска помош и неговата здравствена состојба значително била подобрена, извршено е алкотестирање, при што било утврдено дека имал 3,15 промили алкохол во крвта, при што лицето било лишено од слобода.
По целосно документирање на случајот, против Б.К. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик “безобѕирно управување со моторно возило”, соопшти полицијата.
Црна хроника
Прегазен малолетник во Гостивар: го удрило „бмв“од Швајцарија

Ноќеска во 21.34 часот во Полициската станица Гостивар е пријавено дека на ул.„Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, патничко возило „бмв“ со швајцарски национални ознаки, управувано од Џ.И.(33) од с.Форино, гостиварско, со престој во Швајцарија, удрило во малолетен пешак од Гостивар.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општата болница Гостивар.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.