Црна хроника
Четворица скопјани претепале чувар зошто ги пријавил во полиција

Приведени четворица напаѓачи од Скопје, бидејќи доцна синоќа, на автобуската станица во населбата „11 Октомври“ во Кисела Вода, физички нападнале 44-годишен жител на село Студеничани, вработен како чувар на објект во изградба, нанесувајќи му тешки повреди.
Според пријавеното, го нападнале чуварот, зошто тој претходно ги пријавил во полиција дека го нарушувале јавниот ред и мир.
Истепаниот веднаш бил пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Заталкан куршум погоди „мерцедес“ во Чаир, возилото е оштетено

Четириесет и шестгодишен маж пријави дека на неговиот „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки му била оштетена хаубата од заталкано зрно од огнено оружје.
Според информацијата од МВР, настанот се случил во скопската населба Чаир.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Жена нападната од сопругот во Аеродром

Во Скопје, 40-годишна жена пријави дека околу полноќ била физички нападната од својот сопруг, со кого е во бракоразводна постапка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.
Црна хроника
Тинејџерки се однесувале агресивно со полицајци, приведени се во Ѓорче

Во 3 часот по полноќ на подрачјето на Ѓорче Петров полициски службеници ги приведоа А.Ч.(18) и 16-годишна малолетничка, двете од Скопје, поради тоа што агресивно се однесувале кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.