Црна хроника
Четири лица истепале овчар во Пробиштип и го врзале за дрво
Вчера во Полициската станица Пробиштип било пријавено дека околу 11.30 часот на место викано „Ливади“ во атар на с.Турско Рудари, пробиштипско, четири лица физички го нападнале и го врзале за дрво Г.К.(53) од с.Нивичани, кочанско, кој работел како овчар.
Набргу, тој бил пронајден од Д.Т. од с.Турско Рудари, по што бил пренесен во Клиничката болница Штип каде му биле констатирани повреди и му била укажана помош. За случајот е известен јавен обвинител и се работи на негово расчистување, по што ќе следува соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Краделе тутун од фолии и сушници во Василево и Босилово, направиле штета од 500.000 денари
Полицијата уапси три лица за кражба на тутун од фолии и сушари во Василево и Босилово со што направиле штета од 505.000 денари.
Според информациите од МВР, СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Е.И.(21), Т.Ф.(20) и Т.Д.(31), сите од с.Старо Балдовци, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторени шест кривични дела „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик.
Тие се сомничат дека во периодот од 06.08.2025 до 15.10.2025 од фолии и сушари, сопственост на жители на неколку населени места од општините Василево и Босилово, одзеле сув тутун. На тој начин тие им нанеле штета од 505.000 денари.
Црна хроника
Уапсен 46-годишен скопјанец за обљуба врз малолетната поќерка
Четириесет и шестгодишен скопјанец е уапсен под сомнение за обљуба врз неговата малолетна поќерка.
Според информациите на МВР, вчера во 22:10 часот, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 46-годишник од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека извршил обљуба врз неговата малолетна поќерка.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Тешко повредено 12-годишно дете во автобус на ЈСП
Дванаесетгодишно дете се здобило со тешки повреди во автобус на ЈСП откако возачот закочил нагло.
Според информациите на МВР, вчера во 19:00 часот во СВР Скопје, М.С.(41) од село Кондово, скопско, пријави дека на 01.11.2025 околу 16:45 часот на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, додека се возела во автобус на ЈСП, возачот нагло закочил, при што нејзиниот 12-годишен син паднал и се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

