Топ
Вработени во пошта во Чаир краделе пари од сметки на граѓаните

Полицијата поднесе кривична пријава против десет вработени во АД „Пошта на Северна Македонија“ за проневера во службата и фалсификување службена исправа
Според информациите од МВР, З. Х. (29), Р. И. (34), И. Е. М. (32), С. П. (53), А. Ќ. (45), Ф. Љ. (35), Л. И. (26), М. Т. (62), Н. К. (55) и Х. Х. (42), сите од Скопје, вработени во подружницата во Чаир, од февруари до ноември 2019 година со фалсификување налози од лични трансакциски сметки на физички лица краделе пари.
„Пријавените, деветмина шалтерски работници во посочената подружница, заедно со својот претпоставен, десеттопријавениот Х. Х., во вкупно 26 наврати во временскиот период од февруари до ноември 2019 година со фалсификување 26 налози за исплата – образец ПП40, од лични трансакциски сметки, сопственост на 26 физички лица, депоненти во банка од Скопје, неовластено присвоиле туѓи парични средства кои им биле доверени во вршењето на службата и прибавиле противправна имотна корист за сметка на десеттопријавениот Х. Х. во вкупен износ од 1.570.822 денара“, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Пожарникарите се бореа со огнови на 38 места во државава, 30 се изгаснати

Во текот на изминатото деноноќие се евидентирани вкупно 38 пожари од кои три активни, пет ставени под контрола и 30 изгаснати.
Според најновиот извештај на Центарот за управување со кризи, активните пожари се во Општина Дојран – с. Николич (нискостеблеста шума), Општина Велес – с. Џидимирци (мешана шума) и Општина Македонски Брод – помеѓу с. Црешнево, с. Крапа и с. Локвица (деградирана дабова шума и грмушки).
Под контрола се пожарите во Македонски Брод – с. Слатина (мешана шума), Македонски Брод – с. Слатина, Слатински извори (нискостеблеста мешана шума), Чучер Сандево – с. Блаце – с. Горњани, м.в. Рамна шума (шумски пожар), Долнени 1 – с. Црнилиште (депонија) и Долнени 2 – с. Дебреште (депонија).
Македонија
Во Кочани нема да има концерт за Петровден, Крстевски го откажа на барање на родителите на загинатите деца во „Пулс“

Откажан е музичко забавниот дел од програмата за одбележување на Петровден, празникот на градот Кочани. Ваква одлука вчера донесе в.д. градоначалникот, Венко Крстевски, откако родителите на загинатите во трагедијата од 16 март годинава се собраа пред сцената во Паркот на Револуција, каде требаше да запчне концерт со настап на повеќе бендови. Тие поставија фотографии на своите деца и запалија свеќи.
Животот продолжува, но трагедијата во дискотеката „Пулс“ нè остави во заложништво на болката, особено за родителите кои живеат со страв и загуба. Откажувањето на музичкиот дел од денешниот и утрешниот настан не требаше да се случи – не затоа што не ја почитуваме тагата, туку затоа што нашата обврска е да се грижиме за сите, да го вратиме нормалното секојдневие и да покажеме дека заедништвото се гради со храброст и заедничка работа, а не со запирање на животот, стои во соопштението на в.д. градоначалникот Крстевски.
Претходно, родителите на загинатите во дискотеката „Пулс“ во пресрет на Петровден писмено се обратија до него со барање да се одложи музичко-забавниот дел од програмата.
Македонија
„Ќе глумиме дека не сме виделе?! Ќе чекаме некој да биде убиен за да се освестиме?!“, праша Јакимовски

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски се огласи на социјалните мрежи, по нападот врз градоначалничката Данела Арсовска.
„Она што ѝ се случи денес на Данела Арсовска не е „инцидент“. Тоа е директен напад врз институцијата, врз една жена, врз јавниот поредок.
Со клоци, со пцуење, со закани за силување и убиство на нејзиното семејство.
И што? Ќе викаме „демократија“?! Ќе глумиме дека не сме виделе?! Ќе чекаме некој да биде убиен за да се освестиме?!“, праша Јакимовски.