Црна хроника
Шверцот на мигранти повторно актуелен – откриени петмина Пакистанци на Богородица

Спречен обид за шверц на мигранти на граничниот премин Богородица. Во 3.30 часот од страна на гранична патрола, во соработка со мобилна единица во правец на Гевгелија, во обид да биде сопрено возило „ауди“ со штипски регистарски ознаки, возачот почнал да бега. Станува збор за Е.А. (30) од Радовиш, кој бил фатен, а при преглед на неговото возило се пронајдени петмина мигранти од Пакистан на возраст од 18 до 28 години, сите со грчки документи.
Е.А. е лишен од слобода, а по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок. Мигрантите се задржани во Полициската станица за граничен надзор Богородица, информира полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.