Црна хроника
Шест лица повредени во сообраќајна несреќа во Центар
Утрово во 04.35 часот било пријавено дека во Скопје нa улицата Беласица, пред крстосницата со булеварот Гоце Делчев се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила „фолксваген пасат“, двете со скопски регистарски ознаки, едното управувано од Д.М.(37) од Скопје, а другото управувано од Н.Ѓ.(39) од Скопје.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во второто возило А.С.(48) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи како и сопатниците од двете возила С.В.С.(47), А.Д.(36) и С.Т.(24), сите од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје“, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Во сообраќајката на „Водњанска“ во Скопје со повреди завршија седум лица
Седум лица се повредени во тешката сообраќајна несреќа која синоќа се случи на улица „Водњанска“, пред влезот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.
Од МВР денеска излегоа со подетални информации за сообраќајката во која учествувале четири автомобили, од кои два биле паркирани.
„Сообраќајната несреќа се случила помеѓу автомобил ‘БМВ’ со скопски регистарски ознаки управуван од М.М.(45) од Скопје, автомобил ‘ауди’ со скопски регистарски ознаки управуван од Н.Р.(40) од Скопје, и две паркирани патнички возила ‘голф’ и ‘мерцедес’, двете со скопски регистарски ознаки“, велат од МВР.
Во незгодата со телесни повреди се здобиле седум лица, а извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Осуден за трговија со дрога фатен и спроведен во затвор
Полициски службеници од СВР Битола, ноќеска во 00:20 часот, на ул.„Охридска“ во Битола го лишиле од слобода триесет и шестгодишниот битолчанец И.М.
Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен суд Битола за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Битола за издржување на казната.
Топ
Четири возила се судрија пред Клинички центар „Мајка Тереза“, неколку лица се повредени
Сообраќајна несреќа вечерва вечерта се случи на булеварот „Мајка Тереза“ во Скопје, пред влезот на Клиничкиот центар. Според првичните информации, во несреќата учествувале четири возила.
Неофицијално, неколку лица се пожалиле на повреди, но официјални информации од МВР се очекуваат во текот на денешниот ден.