Црна хроника
Шест лица уапсени во Скопје: пронајдена дрога, пневматски пиштол и ножеви
Вчера во 13.30 часот во Скопје, на подрачјето на Драчево, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.А.(33) од Скопје. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена бела грутчеста материја.
Вчера во 08.00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.М.(46) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
Вчера во 13.00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Л.(21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.
Вчера во 19.30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
Денеска во 01.50 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле Н.А.(21) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени пневматски пиштол и нож.
Вчера во 23.15 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле К.А.(26) од Скопје, затоа што кај него бил пронајден и одземен нож.
По целосно документирање на случаите, од полицијата ќе следува соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена од Гази Баба пријавила насилен напад од сопругот, му се заканувал и на син ѝ
Во полицијата е пријавено дека 47-годишна жена била физички нападната во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба.
Според пријавата, на 8 октомври 2025 година нејзиниот сопруг А.С. употребил тврди предмети при нападот, а потоа упатувал закани со остар предмет кон неа и кон нејзиниот син.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Уапсен гостиварец, возел со брзина од 174 километри на час
Полицијата уапси гостиварец кој возел со 174 километри на час, на автопатот Гостивар – Тетово.
Вчера во 15:45 часот на автопатот Гостивар-Тетово, кај наплатната рампа Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.А. (35) од Гостивар.
При контрола на сообраќајот со радар, утврдено е дека тој управувал „ауди“ со гостиварски регистарски ознаки со брзина од 174 километри на час во населено место, каде што максималната дозволена брзина е ограничена на 80 километри на час.
Црна хроника
Пронајдени пет мигранти од Египет кај Гевгелија, уапсено едно лице
Полицијата уапси едно лице за криумчарење мигранти кај Гевгелија каде биле пронајдени пет лица од Египет.
Вчера во 20:30 часот на место викано „Нова петла“ во Гевгелија, полициски службеници го лишија од слобода Р.Р.(28) од с.Копаница, скопско.
При преглед во возилото „пежо“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени пет лица мигранти од Египет.
Мигрантите се спроведени во Прифатно – транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија, а по целосно документирање на случајот, против Р.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.

