Црна хроника
Штипјанец се тестирал на коронавирус и без да ги чека резултатите отишол на гости
Штипското Основно јавно обвинителство побара казна за жител на овој град, кој по направен тест на коронавирус, го напуштил домот и отишол на гости.
Обвинетиот не ги почитувал мерките и препораките на надлежните институции бидејќи по земањето брис за утврдување присуство на Ковид-19, бил предупреден дека треба да остане во самоизолација сè до добивање на резултатите од тестот.
Но, наместо да седи во својот дом, обвинетиот излегол и отишол на посета кај друг штипјанец.
Тој се товари дека сторил кривично дело непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.
Обвинителството му предложи на судот да изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен крадец во Гостивар, фатен при извршување кражба во црква
Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случаите против него ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Нападнала ученичка во основно училиште: тетовка осомничена за насилство врз дете
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Љ.М.(36) од Тетово.
Како што соопшти полицијата таа се сомничи за сторено кривично дело „насилство врз дете’’.
Имено на 08.10.2025 во службена просторија на основно училиште во Тетово, пријавената физички нападнала ученичка.
Црна хроника
Претепал лекар и полициски службеник: кривична за 29-годишник од Тетовско
СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.М.(29) од с.Челопек, тетовско.
Според полицијата, тој се сомничи за сторени кривични дела: „спречување службено лице при вршење службено дејствие’’ и „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“.
На 14.10.2025 во Ургентниот центар во Тетово, пријавениот физички нападнал лекар и полициски службеник додека извршувал службени дејствија.

