Црна хроника
Штипјанец ја претепал мајка му и искршил дел од покуќнината

Утрово во 00.00 часот во Штип, полициски службеници при СВР Штип го лишиле од слобода Г.А.(38) од Штип.
Тој на 27.06.2024 околу 15.30 часот во семејниот дом во Штип физички ја нападнал својата 63-годишна мајка, а потоа и упатувал закани и кршел дел од покуќнината.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопшти полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Го уценувал и му барал пари: адвокат во Скопје физички нападнат од едно лице

Адвокат од Скопје пријавил напад на работното место.
– На 26.02.2025 во 20.10 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од Скопје пријавил дека на работното место во адвокатска канцеларија на подрачјето на Центар, бил физички нападнат од К.А., кој го уценувал и му барал пари, стои во билтенoт на МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пожар во куќа во Петровец

Вчера во 21.22 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 20.55 часот во с.Петровец, скопско, настанал пожар во куќа, сопственост на Т.Т.(82) од с.Петровец.
Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.
Извршен бил увид.
Црна хроника
Пронајдени неексплодирани гранати при изведување градежни работи во Битола

Вчера во 14.30 часот во СВР Битола било пријавено дека на 25.02.2025 околу 17.15 часот на ул.„Батаљон Стив Наумов“ во Битола, при изведување градежни работи биле пронајдени неексплодирани гранати.
Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола безбедно ги подигнал гранатите, при што било констатирано дека станува збор за 145 артилериски гранати со калибар 75 мм., кои потекнувале од Првата светска војна.