Црна хроника
Штитеничка по десети пат побегнала од домот ,,25 Мај”
Во Полициската станица Карпош вчера во 21.30 часот, вработена во Јавната установа за згрижување деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение „25 Мај“, пријавила дека истиот ден во 15.30 часот од установата самоволно се оддалечила штитеничката на домот М.С.(15) од Скопје. Таа повеќе од 10 пати досега ја напуштала установата и била враќана од полицијата. Се преземаат мерки за нејзино пронаоѓање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Скопје, пронајдена дрога
Вчера во 22:10 часот полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода 36-годишниот Р.Р. од Скопје.
При извршен претрес во неговиот дом и други простории во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, по добиена судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Топ
(Видео) Сообраќајна несреќа во центарот на Скопје: Пешак удрен од автомобил пред гимназијата „Јосип Броз – Тито“
Во текот на вчерашниот ден на улицата „Димитрие Чуповски“ пред гимназијата „Јосип Броз Тито“ во центарот на Скопје се случи сообраќајна несреќа.
Според информацијата од МВР, пријавена е незгода меѓу патничко возило марка ‘хјундаи‘ со скопски регистарски таблички, управувано од Б.М., и пешак О.Д. (51) од Скопје.
„Пешакот О.Д. со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Клиничкиот центар за укажување на помош“, соопшти МВР.
За случајот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.
Фото: Принтскрин
Црна хроника
Скопјанец повикан на службен разговор по пријава дека ја нападнал партнерката
Полициски службеници од Кисела Вода утрово извршиле службен разговор со М.Х. (22) од Скопје. Разговорот следел по пријава поднесена од неговата 22-годишна партнерка.
Според пријавата, на 17 ноември 2025 година околу 18:30 часот, во домот каде што престојувала на подрачјето на Бит Пазар, таа била физички нападната од пријавениот.
Полицијата информира дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

