Црна хроника
Ја натепал сопругата, кривична за маж од струшко

ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.О.(35) од струшкото село Лабуништа.
Според полицијата против него постои основано сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ при семејно насилство“.
Имено, тој, на 26.05.2023 во деловен објект во Струга, физички ја нападнал неговата сопруга.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Пожар во куќа во Вевчани, нема повредени

Денеска во 08.45 часот, во куќа сопственост на Ф.Ќ. од Вевчани, настанал пожар.
Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга.
Црна хроника
Приведен 28-годишник од Гостивар: бил баран по потерница за издржување казна затвор

Вчера во 13.00 часот во село Брвеница, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово и полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР – Отсек потраги го привеле 28-годишниот З.С. од Гостивар.
Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор во траење од две години за сторено кривично дело по член 263 од Кривичниот законик.
Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.
Црна хроника
Сообраќајка во Скопје, тешко повредена жена од Кумановско

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека околу 07.35 часот на булеварот „Никола Карев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.А.(37) од село Романовце, кумановско и патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.А.(48) од Скопје.
Во нерсеќата со тешки телесни повреди се здобила М.А., констатирани во приватна болница во Скопје, додека Д.П.А. се здобила со телесни повреди, констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.