Црна хроника
Откриена група цариници која продавала запленета стока
Вкупно шест лица се кривично пријавени во петокот од страна на Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, по превземени мерки и активности и соработка со Одделението за внатрешни истраги при Секторот за професионална одговорност во Царинската управа, поради тоа што се осомничени дека организирано продавале заплените стоки, како мобилни телефони, парфеми, златен накит и др
До надлежното Основно јавно обвинителство со кривична пријава се предадени вкупно шест лица, и тоа: С.Р.(38), Д.С.(33), Ј.М.(35) и З.К.(45) за сторено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“, како и В.Р.(39) и С.М.(46) за сторено кривично дело „Прикривање“.
Имено, пријавените С.Р.(цариник), Д.С.(шеф на испостава Царинарница Скопје – од царинска испостава Блаце), Ј.М.(виш цариник Царинарница Скопје – царинска испостава Аеродром Скопје) и З.К. (самостоен советник за застапување пред судовите – Одделение за царинско управна постапка), во својство на службени лица вработени во Царинска управа на РМ, во текот на минатата и оваа година, ја злоупотребиле својата службена положба, и тоа во Царинска испостава „Аеродром“ Скопје каде од магацинот во кој се складира привремено задржаната стока по основа на откриени прекршоци, одземале мобилни телефони, парфеми, рачни часовници, патики, текстилна стока, техничка стока и златен накит, со што се стекнале со противправна имотна корист во износ од 1.527.000 денари и ја оштетиле Царинската управа.
Од друга страна, пријавените В.Р.(вработен во Агенција за вработување на град Скопје) и С.М.(вработен во мобилара „Мобил шоп“) дел од одземените предмети ги прикривале, иако знаеле дека истите потекнуваат од кривично дело
Одделението за внатрешни истраги при Царинската управа кое функционира во рамките на Секторот за професионална одговорност во текот на годинава во повеќе наврати извршила внатрешна контрола во магацинот во ЦИ Аеродром „Александар Велики“ Скопје, во кој била сместена привремено одземена стока по основ на сторени царински прекршоци. Притоа, било констатирано дека дел од одземена стока, како златен накит, патики, текстилната стока, поголем број на мобилни телефони, парфеми, часовници и друго, недостигаат или, пак, се заменети со копии.
Врз основа на наредби на судија на претходна постапка од Основен суд Скопје 1 Скопје, извршени биле претреси во домовите на С.Р. каде не се пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичното дело, на Д.С. од кој е одземен еден мобилен апарат со картичка од Т-мобиле, кај З.К. од кој се одземени една СИМ картичка од операторот ВИП и една од операторот ОНЕ и кај В.Р.,инаку брат на првопријавениот С.Р., од кој со потврда за одземени предмети е одземен мобилен апарат и парфеми.
Со шесте пријавени лица, извршени се разговори, во кои истите го појасниле начинот на извршување на кривичните дела. Д.С. појаснил дека телефонот го купил од првопријавениот С.Р., Ј.М. појаснил дека од сефот со одземени телефони земал еден телефон кој го заменил со друг од кинеско потекло, по што подоцна го дал на З.К. да го продаде за поголема сума пари, додека З.К. се изјаснил дека телефонот го користел неговиот син. Во текот на испрашувањето В.Р. објаснил дека дека мобилниот телефон и парфемите му биле дадени од неговиот брат, додека, пак, шестопријавениот појаснил дека во неговата продавница за мобилни телефони од С.Р. му биле донесени три телефона за да ги продаде, при што едниот му го вратил, а двата ги продал на непознати лица, а воедно се изјаснил и дека во повеќе наврати од С.Р. му било понудено да купи и други предмети.
Исто така, од извршените разговори со четири лица за кои е утврдено дека користеле некои од предметните (мобилни телефони) и добиено е појаснување дека ги купиле преку оглас на Пазар 3 (во еден случај) или од посочената продавница за мобилни телефони и тие им биле одземени./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

