Црна хроника
103 санкционирани возачи под дејство на алкохол во државата
Во текот на изминатата вечер во периодот од 22.00 до 04.00 часот била спроведена засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на државата.
При контролата санкционирани се 103 возачи. Од нив 24 на територија на СВР Битола, 23 на територија на СВР Струмица.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Затвореници претепале друг осуденик во затворот Идризово
Вчера во 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Казнено – поправната установа Затвор Идризово, осуденикот А.Б.(35) од Скопје бил физички нападнат од осудениците З.Р. и К.Л..
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец претепан од својот внук
Вчера во 22.45 часот во СВР Скопје, 49 – годишен жител на скопско село пријавил дека околу 22.00 часот во неговиот дом, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговиот малолетен внук од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Во Центар пронајден починат маж, телото предадено на обдукција
Вчера во 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Центар во Скопје бил пронајден починат В.М.(65) од Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.