Црна хроника
106 казни за брзо возење на автопатот Куманово – Скопје – Велес
Во текот на денешниот ден (12.03.2021) Мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената на автопатот Куманово – Скопје – Велес, при што санкционирани се 106 прекршоци. Од нив, 24 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното.
МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Крадец влегол во куќа во Битола, го затекнал сопственикот
Основното јавно обвинителство Битола поведе истражна постапка за кривично дело – Разбојничка кражба против едно лице на возраст од 36 години.
На 15 декември, околу два часа по полноќ, осомничениот влегол во незаклучена куќа на улицата „Елпида Караманди“ во Битола, пребарувал низ спратот и пронашол и одзел 2.500 денари. Сопственикот го затекнал при кражбата, па осомничениот, со намера да ги задржи украдените средства, физички го нападнал со употреба на сила и му се заканил дека ќе го прободе со скалпел.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор.
Црна хроника
Прегазена 56-годишна скопјанка: ја удрило „порше“
Вчера околу 20:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул.„Лука Геров“ со ул.„Андон Кецкаров“ во Скопје, патничко возило „порше“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ќ.К.(52) од Скопје, удрило во 56-годишната Ц.Ц. од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ц.Ц., констатирани во приватна болница во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Измамил граѓанин за над 370. 000 денари: кумановец се претставил како вработен во туристичка агенција
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Е.Б.(33) од Куманово.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „измама“.
Пријавениот, се претставил како вработен во туристичка агенција во Куманово и со намера да прибави противправна имотна корист, довел во заблуда едно лице за резервација за летување за две семејства во Р.Турција, во износ од 373. 890 денари.

