Црна хроника
11 лица затекнати од полицијата како играат комар во стан во Скопје
Против две лица од Скопје е поднесена кривична пријава откако полицијата во стан во скопската општина Центар кој бил во сопственост на еден од осомничените, затекнала 11 лица како играат комар.
СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против И.С.(39) од Скопје и против М.Н.(67) од Скопје за сторено кривично дело комар казниво по Кривичниот законик.
Првопријавениот на 28.4.2021 година, неовластено организирал играње комар во просторија- стан лоциран на ул.Костурски Херои во општина Центар, кој му бил ставен на располагање од страна на второпријавената М.Н., при што, при преземено истражно дејствие претрес на дом од страна на полициски службеници во Единицата за економски криминал затекнати се 11 лица како играат комар, информираат од МВР.
Од таму додаваат дека истите воедно постапувале и спротивно на пропишаните мерки и протоколи за заштита од Ковид-19, каде што е изрично забрането групирање на повеќе од четири лица во затворен простор и објект, за што исто така следува соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
Вчера во 23.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, Е.Б.(34) од Република Турција пријавила дека нејзината мајка А.П.О.(73) од Република Турција се оддалечила од хотел во Скопје каде престојувала.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Скопјанец натепал скопјанка во Карпош, а потоа агресивно се однесувал и со полицајците
Вчера во 11.20 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го привеле К.Л.(41) од Скопје, затоа што физички ја нападнал О.Л.(39) од Скопје, а потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Оштетил паркирано возило, врата и инвентар во кафеана, такси-возило: кривична против маж од Делчево
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В. А. (36) од Делчево.
Тој се сомничи за сторено кривично дело насилство.
На 8.5.2024 пријавениот оштетил влезна врата и друг инвентар во угостителски објект, се обидел да оштети стакло од возачка врата на такси-возило, во обложувачница оштетил врата од наплатниот пулт, по што оштетил возило паркирано пред Територијалната противпожарна единица и физички нападнал двајца вработени.