Црна хроника
111 сообраќајни прекршоци во Скопје
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (13.12.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на Град Скопје изречени се вкупно 111 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 21 санкција, осум мерки за возење без возачка дозвола, 17 прекршоци што ги чинат пешаците.
Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон, три санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, 28 за непрописно паркирање.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ограбено финансиско друштво во Гази Баба, разбојникот ја скршил влезната врата
Разбојник ја скршил влезната врата на финансиско друштво во Скопје, влегол внатре и украл пари.
Вчера околу 05:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во периодот од 19:00 часот на 09.02.2026 до 04:40 часот на 10.02.2026 со употреба на сила и подесен алат е скршено стакло од влезна врата на објект на финансиско друштво на подрачјето на Гази Баба во Скопје, по што е влезено внатре и се одземени пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Возач удри жена на улица во Скопје и побегна, МВР го пронајде
Вчера нешто пред 17 часот, на улицата Његошева во Скопје се случи сообраќајна несреќа во која 69-годишната В.Д. заврши со телесни повреди.
Возилото што ја удрило било „рено“ со скопски регистарски таблички, а зад воланот бил 46-годишниот А.С. Наместо да застане и да ѝ помогне, возачот – според пријавата во СВР Скопје – побегнал од местото на настанот.
Повредената жена била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што лекарите ѝ констатирале телесни повреди. Полицијата веднаш презела мерки за лоцирање на возачот, кој бил пронајден и со него бил извршен службен разговор.
Според информациите од СВР Скопје, за случајот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Разбојници ограбиле жена на улица во Аеродром, ѝ го украле ранецот
Двајца разбојници ограбиле жена на улица во Аеродром. Од МВР информираат дека дел од украдените предмети се најдени и вратени на жената.
Полицијата поднесе кривична пријава против Д.М.(18) и Г.Д.(25), двајцата од Скопје, поради основано сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ на дрзок начин.
Имено, тие се сомничат дека на 10.02.2026 околу 06:30 часот на подрачјето на општина Аеродром на 53-годишна жена и одзеле ранец во кој имало пари, документи, мобилен телефон и други предмети. Дел од предметите се пронајдени и вратени на оштетената.

