Црна хроника
123 казни за брзо возење на територија на Куманово

Денеска во периодот од 09 до 16 часот на подрачјето на Куманово спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возила со брзина поголема од пропишаната, при што казнети се 123 возачи, информираат од СВР Куманово.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. известува МВР и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Загина 30-годишен работник во фабрика во Делчево

Вчера околу 11:00 часот во ОВР Делчево е пријавено дека во фабрика во Делчево, при извршување работни задачи, вработениот В.Р.(30) од Делчево паднал од висина од околу три метри и се здобил со тешки телесни повреди.
Од здобиените повреди, на пат кон Клиничка болница Штип, тој починал во возилото на Итна медицинска помош.
Увид извршила екипа на ОВР Делчево, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Црна хроника
Малолетничка истепала соученичка на улица во Струга

Во ОВР Струга вчера во 18:00 часот е пријавено дека на улица „Партизански одреди“ во Струга, малолетничка го нарушила јавниот ред и мир со физички напад врз соученичка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе следува соодветен поднесок, информираат надлежните.
Топ
Охриѓанец паднал од третиот кат на зградата во која престојувал

Вчера во 19:38 часот во СВР Охрид е пријавено дека К.Д.(53) од Охрид паднал од третиот кат од зградата каде престојувал на улица „Даме Груев“ во Охрид.
Со возило на Итна медицинска помош е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.