Црна хроника
124 санкционирани возачи во Скопје, 11 под дејство на алкохол

На територија на град Скопје вчера биле изречени вкупно 124 казни, меѓу кои, за користење мобилен телефон седум санкции, осум мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, 11 мерки за возење под дејство на алкохол, една санкција за минување на затворен сигнал (црвено светло).
Засилените акциски контроли продолжуваат, најави МВР и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Едно и пол годишно бебе донесено без знаци на живот на Детска клиника

Бебе од Скопје без знаци на живот било донесено на Детска клиника, соопшти полицијата.
Имено вчера во 07.30 часот во СВР Скопје, од Детска клиника Скопје било пријавено дека кај нив во 06.40 часот било донесено едноиполмесечно машко бебе од Скопје без знаци на живот.
Лекар констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на бебето било предадено на обдукција.
Топ
Кривични пријави против две лица и една фирма за пожарот на депонијата во Шуто Оризари

Полицијата поднесе кривична пријава против двајца велешани и едно правно лице поради пожарот во нелегален отпад во Шуто Оризари
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против М.К.(40) и А.Н.(46), двајцата од Велес и правно лице со седиште во Шуто Оризари поради основано сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад“.
Тие во временски период од најмалку шест месеци, заклучно со 09.07.2025 на парцели во општина Шуто Оризари во сопственост на М.К. постапиле спротивно на законските одредби и без да поседуваат дозвола за управување на отпад на предметните парцели складирале и транспортирале отпаден материјал, а на 09.07.2025 околу 08.45 часот складираниот отпад се запалил и бил предизвикан неконтролиран пожар.
Од страна на Единицата за атомска, биолошка и хемиска одбрана на Армијата на РСМ извршени се мерења и утврдено е зголемено ниво на загаденост од горењето на складираниот отпад.
Црна хроника
Кривична пријава за штипјанец – отрул две кучиња, а едно усмртил со автомобил

Полицијата поднесе кривична пријава за штипјанец – отрул две кучиња, а едно усмртил со автомобил.
Според информациите на МВР, полицијата поднесе кривична пријава против С.К.(72) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убивање и мачење животни“.
На 14.04.2025 во с. Долно Трогерци, штипско, пријавениот во два наврати фрлил храна со отров, од што биле отруени две кучиња во сопственост на Т.С..
Исто така, на 06.07.2025 пријавениот, со патничко возило усмртил куче.