Црна хроника
13 лица го прекршиле полицискиот час, 365 добиле казни за неносење маска

Полицискиот час во периодот од 22 часот синоќа до 5 часот утрово го прекршиле 13 лица, информираат од МВР.
Од таму додаваат и дека во текот на изминатото деноноќие, по однос на мерката за носење заштитна маска, како превениција од коронавирусот, регистрирани се 365 прекршоци.
Ресорното министерство воедно апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата за да се спречи ширењето на Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Приведен криминалец од Арачиново баран со три централни потерници

На улицата „Бoца Ивановска” во скопската населба Бутел, вчера во попладневните часови, полициски службеници го уапсиле 29-годишниот Ќ.А. од селото Арачиново, за кого биле распишани три централни потерници од МВР.
Тој бил баран по наредба од затворот во Шутка за доиздржување казна затвор, по бегство од затворот, а во врска со кривично дело самовластие; по наредба на Основното јавно обвинителство за издржување притвор во врска со кривичното дело – засновање ропски однос и превоз на лица во ропски однос; по наредба на Основниот кривичен суд во Скопје, во врска со делото загрозување на безбедноста во сообраќајот и еден Централен распис од МВР во врска со делото овозможување бегство на лице лишено од слобода.
29-годишникот бил предаден во полициската станица Чаир за понатамошна постапка.
Црна хроника
Глоби за прекршување на полицискиот час во Скопје

52 годишно лице со двојно државјанство и без постојано живеалиште во Скопје го прекршило полицискиот час откако со автомобил се движело по булеварите низ главниот град.
Според надлежните, основното јавно обвинителство поднело обвинителен предлог против едно лице со двојно македонско и канадско државјанство заради кривично дело- непостапување според здравствените прописи за време на епидемија казниво по Кривичниот законик.
Обвинетиот 52-годишник без постојано живеалиште во Скопје, на 11 април, за време на важечки полициски час, со автомобил се движел на раскрсницата меѓу булеварите „Борис Трајковски“ и „Србија“. Со ова тој постапил спротивно на мерките и протоколите за заштита на здравјето на населението од Ковид-19, велат од МВР.
За непочитување на полицискиот час, поведена е постапка и против двајца македонски државјани, кои исто така се гонат за кривично дело-непостапување според здравствените прописи за време на епидемија казниви по Кривичниот законик.
За секој од нив надлежниот јавен обвинител поднесе предлози за издавање казнен налог со кои од судот побара да изрече парични казни од по 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да ја определи на 20 евра во денарска противвредност, известуваат надлежните институции.
Топ
Скопски фитнес-клуб работел и покрај забраната, следи кривична пријава

Полициски службеници синоќа извршиле контрола во фитнес-клуб лoциран на скопскиот булевар „Партизански одреди“ откако добиле дојава дека истиот работи и покрај забраната, воведена со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.
При контролата било констатирано дека објектот навистина работи, а во него биле затекнати сопственикот Ф.Б. (35) од Скопје и уште шест лица.
За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава за непостапување според здравствените прописи.
- Свет2 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш