Црна хроника
139 санкционирани возачи во Скопје, 39 за брзо возење
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (14.3.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 139 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 39 санкции, шест мерки за возење под дејство на алкохол, седум санкции за возење без возачка дозвола.
Изречени се 12 мерки за користење мобилен телефон, осум за технички неисправни и нерегистрирани возила, 47 за непрописно паркирање…
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Возел со 1,75 промили алкохол во крвта: уапсен 46-годишен маж од Кичево
Утрово во 04:00 часот на булеварот „Ослободување“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Б.Н.(46) од Кичево.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,75 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
По целосно документирање на настанот , против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, информираат од МВР.
Црна хроника
Охриѓанец го претепал својот 18-годишен син
Ноќеска во 20:10 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид, од слобода го лишија С.Д.(43) од Охрид.
Тој физички го нападнал неговиот 18-годишен син.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
Црна хроника
Уапсени романски државјани, фатени во кражба во златарница во Скопје
Вчера во 12:10 часот во трговски центар на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишија од слобода В.Л.П.(19) И Ф.И.П.(19), двајцата од Романија, поради сомнение дека извршиле кражба во златарница во трговскиот центар.
Имено, претходно, тие влегле во златарницата и побарале да разгледаат златен накит, а откако била извадена футрола со употреба на сила ја земале од вработената и побегнале.
Набргу, по преземени мерки, на излез од трговскиот центар се фатени и лишени од слобода и кај нив се пронајдени 43 парчиња златен накит.
Одземеното е вратено на сопственикот и по целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава.

