Топ
14-годишно момче убиено среде Прилеп
14-годишно момче, вчеравечер, околу 19.30 часот, е пронајдено без знаци на живот со повеќе убодни рани и надворешни крвавења во центарот на Прилеп на тротоарот од булеварот Гоце Делчев наспроти Домот на културата „Марко Цепенков“.
Како што изјави дежурниот лекар при Службата за итна медицинска помош во Прилеп, констатирано било дека момчето има повеќе надворешни крвавења и не давало знаци за живот.
Момчето било пренесено во градската болница, каде што сите обиди за реанимација биле безуспешни.
Увид направија полицијата и основен јавен обвинител. Наредена е обдукција на телото на 14-годишното момче.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Иран е започната истрага за падот на хеликоптерот на претседателот Ебрахим Раиси, погребот на жртвите ќе се одржи денеска
Началникот на Генералштабот на иранската армија, генерал-мајор Мохамад Багери, назначи делегација која ќе го истражува случајот со хеликоптерската несреќа во која беше жртва претседателот на Иран Ебрахим Раиси.
Истрагата која веќе започна на местото на инцидентот ја води генералот Али Абдолах, а резултатите ќе бидат објавени по истрагата, пренесува ИРНА.
Како што беше претходно објавено, се верува дека причина за падот на хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ебрахим Раиси е технички дефект на леталото.
„Раиси беше жртва во неделата (19 мај 2024 година) како резултат на падот на хеликоптерот што се случи поради технички дефект на леталото“, се вели во извештајот на државната новинска агенција ИРНА. Погребот на сите жртви ќе се одржи денеска во Табриз, главниот град на Источен Азербејџан, во 9:30 часот по локално време.
Свет
Едно лице загина во напад со украинско беспилотно летало во регионот на Белгород
Една жена загина, а три лица се повредени во напад со дрон на Вооружените сили на Украина врз автомобил во Белгородската област, изјави гувернерот на тој регион Вјачеслав Гладков.
„Патнички автомобил со возач и тројца патници е нападнат со беспилотно летало камиказа. Нападот се случил во близина на контролен пункт во селото Октјабрски во областа Белгород“, изјави Гладков на Телеграм.
Регионот Белгород се наоѓа на западот на Русија, на границата со Украина.
Свет
Серија земјотреси на југот на Италија, најсилниот 4,4 степени
Серија земјотреси, од кои најсилниот беше со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала, го погодија јужниот дел на Италија.
Како што соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), епицентарот на најсилниот земјотрес што се случил во 20 часот и 10 минути бил на 11 километри од Неапол, на длабочина од три километри.
Националниот институт за геофизика и вулканологија соопшти дека првиот силен земјотрес бил со јачина од 3,5 степени и бил почувствуван во Неапол.