Црна хроника
140 возачи во Скопје казнети за прекршување на сообраќајните правила
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 140 казни, меѓу кои за возење над дозволената брзина 41 санкција, 15 за возење без возачка дозвола, четири за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Изречени се 11 казни за користење мобилен телефон, 10 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, пет за некористење сигурносен појас, 40 санкции за непрописно паркирани возила, информира МВР.
Од таму додаваат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Прегазен маж на регионалниот пат Гостивар-село Градец: со тешки повреди пренесен во болница
Вчера во 16:05 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на регионалниот пат Гостивар-с.Градец, во населба Млаки, патничко возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(46) од село Врапчиште, гостиварско, удрило во 69-годишниот Б.С. од Гостивар.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Медицински центар Гостивар. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.
Црна хроника
Уапсен 55-годишник од неготинско: возел под дејство на алкохол
Вчера во 17:45 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Л.Д.(55) од село Пепелиште, неготинско.
При сообраќајна контрола на ул.„Христо Ботев“ во Неготино, било сопрено патничко возило „југо“ со неготински регистарски ознаки, кое го управувал Л.Д. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,05 промили алкохол во крвта.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Црна хроника
Скопјанец пронашол залутани зрна од огнено оружје во двор од приватна фирма
Вчера во 14:40 часот во СВР Скопје, 54-годишниот М.Л. од Скопје пријави дека на улицата „Тодор Александров“ во Скопје, во двор од приватна фирма, пронашол залутани зрна од огнено оружје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

